Каде може да се најде ташна или пак ранец уште поубаво за мајка за бебешкиве работи. Не ми оди во комплет со количка. Овие се ненормални по бебешкиве продавници од 2000 нагоре се.
Јас си земав од mmshop.mk https://instagram.com/mmshopmk?utm_medium=copy_link 1200 денари. Преубав е и многу сум задоволна. Може и на количка да се закачи.
Од пики струмица околу 750де го земав.преубав е.минт боја и мн сум задоволна. Ѕирни и таму, за 1 ден ми стигна.
Јас овој го имам.Од локо кроко 1860,материјалот е добар,организер убав има.прегради многу,може и на количка.
Материјалот е супер. Напред има преграда со внатре прегради за шишиња и тоа со алуминиумска фолија. Внатре исто еден куп прегради. Баш практичен.
Не сум дома, ќе ти го сликнам ама некоја феминка го имаше постирано низ темава…внатре има еден голем дел, од страна внатре два мали исто и надвор џебови, напред еден џеб со место за шишиња…голем е ама ми фали уште некој џеб…јас го преполнувам и после еден месец малку едната рачка ми пукна, ми ја средија на шнајдер ама шнајдеркара ме праша дали знам дека има ограничување на тежина? Знам ама имам и дете што само бара чај,млеко, сируп,капки,пелени, облека за пресоблекување и уште мали милион работи
Здраво мајки, каде можам да најдам капаче за цуцла? Цуцлата ни стои закачена на блузиче, но да не и се прља цело време :/ исто така барам капчиња за бебе 6 месеци женско
Waikiki во мојот град само 2 модели има, од кои едните се големи а другите ги имаме :/ кои цуцли користиш? Ако ги земам ке се фатат на друга цуцла?
Користам Авент ама мислам на друга цуцла дека не може...има 2 запци од крај кои влегуваат во страничните празнини на цуцлата