Е да, ултра софт и ултра ер се без такво. Овие моиве се класик и наместо кутивче за стерилизирање, ги имаат капачињата.
Здраво на сите. Ме интересира за новороденче која димензија на чевлички се купуваат и каде можам да најдам ? Прво дете ми е и не знам како се движат бебешките бројчиња.
Најмало што имам видено е 16ка ама моево е сега 6 месеци а сеуште и се големи. Секако само за мода се па не е голем проблем. Тешко наоѓам јас, понекогаш има во Ваикики и во локални дуќанчиња за бебешка облека.
Предлог електричен релаксатор-електрична лулка (незнам како му е името правилно) од кој што сте задоволни.
Ние го имаме овој https://www.encimenci.com.mk/relaksator-baby-swing-grey-cangaroo-066ty00222 Топла препорака ако имаш да позајмиш од негде за да видиш дали ќе го сака бебе, да не лупаш пари за џабе. Мојов седи максимум 5 минути, после сирената ја пушта.
Аа убав вака на изглед. Можи да го земиме овај и ние. Јас имам статичен релаксатор, рацете ме болат од лулање. Ако не го лулам не стои. Затоа помислив на ваков, да ги одморам малце рацете хаха..
Овие колку несериозни искочија Им кажав што сакам, се се договоривме и димензии, шари, цена, време за 15дена ќе биде готова. И на денот кога требаше да ја добијам нарачката, ми праќаат порака "немаме од тој дезен на материјал, дали сакате друг". Секако дека не сакам Оди во Тила и купи си на лице место.
Озбилно, што би лажела. Ми пратија одма и линк да бирам нов материјал, истиот од кој бирав и пред 15дена де. Па остана на тоа дека тој што го сакав ќе го имале за 1м, им реков не се брзам, нека прават за 1м. Од тогаш 4м поминаа, ни пишаа, ни ништо, не па и дека сакав де Инаку поскапи се, имаш и поевтини, јас пак ги избрав дека имаа најмногу избор на материјали
Тоа 'озбилно?' ми беше како реакција, не дека не ти верувам. Извини. Штом е така, ќе барам од друго место. Зеде од негде? Ако да, чекаме препорака.