Мајки, дали некоја си има купено ваков ранец? Од каде сте задоволни, може да биде и без делот за пресоблекување. На многу места видов ама не можам да се одлучам од каде да земам, страв ми е за квалитетот.
Денеа се рашетав, барав оградици. Најубави ми се видоа во тила. Е сега имаат и комплети со јорганче и сум на два ума. Пример есен зима со што ги покривате малите, јорганче/ќебе. Кај нас ќе е топло дека со парно.
Еднаш-два пати го искористив јорганот. И ние сме со градско парно, така што едвај со ќебе го покривам и тоа го бутка
И ние ќе сме изгледа така а башка склетџика е мојата. А па и комплетите ми се убави, секако ќе треба да земам и плис чаршаф. Е сега, во тила дезенот и памукот ми е најубав ама па пернцата и јорганот се со дезен а не со навлака и ќе треба постојано да ги перам. А во ситник тоа шо гледав е со навлаки и полесно е за перење. Ама па во ситник не ги видов баш убаво оградиците, каква им е формата. Има некој слика да ми пушти? Една ми се бендиса беше бела со животинчиња.
Јас од мм шоп на инста порачав без тоа за пресоблекување 1.350 мкд со достава беше. Супер е квалитетот, супер е за организација, мислам дека пола плакар можам внатре да го напикам
Немам искуство, ама овие ги гледам и многу ми се свиѓаат. https://instagram.com/avokiddo.mk?utm_medium=copy_link
Каде да најдам свила/сатен чаршавче за декорација на маса?Вака нешто И кај да најдам постоље за торта? Прашањево и не за тука, ама може ќе се најде некоја мајка што декорирала сама роденден/крштевка
За непроодено бебе (башка што сега ќе му дојде фаза на проодување) најпрактично би било, а и за него најзгодно, од оние како чорапчиња што се облекуваат а одоздола имаат или кожичка или тенка гума. Ги има секаде, по пазари, чорапари...
Јас од kids land го зедов, со делот за преслекување е. Досега еднаш само го имам искористено за преслекување, ама па е дополнително место за ствари. Сега бевме на одмор, буквално сѐ што ми требаше за бебе (и постелнина и кебенце) ми собра во ранецот. 1790 го зедов пред 5-6 месеци. Ако си од ск, бит пазар на женски пазар купи си таков материјал и само нека ти го порабат на шнајдер. Јас така за свадбата направив. Постоље за торта во сите продавници за домаќински работи, има доста избор на зелено пазарче. Има и во џамбо.