гледам ти одговориле ... јас да дополнам ... на фб има една страна detski oblacinja мене тука ми се свиѓаат оградиците
Кое е тоа брезе аутлет мама?? Јас сум фан на брезе, на големиот сите тренерки од брезе му ги зимам, а не го знам дуќанов?? И да не знаете бутик мамино како е со цени? Гледам убави работи има ама да не е отров со цени. Негде кај Јане сандански им е дуќанот
Јас пак ќе те цитирам извини. Јас од Канеј на бебето му зеѓав тренерки на Брезе по 300 и 350 ден. Има 50% на ланските моделчиња ако не ти смета тоа. И 30% на цела колекција имаш и за дечкото голем.
Тука во бисер во канеј има и за големиот??? Дека кога сум била претежно малечки работи се. А од кисела вода му имам доста пати зимано ама неможам со бебе до таму. Ајде да стане бебе ќе иксочиме па ќе се пофалам ако најдам нешто
Не е баш евтино. Види ги цените на страната на Венис, бидејќи тој дуќан е нивен. Еве кога ќе отвориш некој артикл, најдоле пишува ако е Мамино бренд: https://wenice.mk/Product/ProductDetails?productId=ma13990
Пиколино во Бисер види. Секогаш имаат убави и ефтини работи. Мене матичен бутик ми е хахаха. А во мамино се преубави и многу квалитетни работите. Со цени се така така, тренерчињата се од 600-900, комплети ко за дотерување 800-2000. Не се ефтини ама не се ни прескапи, како во сити мол во еден бутик шо видов едно фустанче за бебе 0-3 месеци 6000 денари
Каде можам онлајн да нарачам гнездо кревет за бебе? Гледам има многу страни на фб, предложете ми некоја проверена со квалитетна изработка, да не се распадне со прво перење.
Како е таа продавница во однос на големина според онаа према стара рампа? Оти оваа накај рампа ми е поблиску, да знам дали да одам тука или да прошетам до таа кај општината? Исто, како се со роба тие другите детски продавнички спроти општината? Има нешто ново, убаво, квалитетно?
Јас вчера бев по тие дуќанчиња и немаше ништо посебно, дури малце и цени ко да качиле, за сесонаѕа што следи највеќе ми се допаднаа комплетчиеата во Бамбисимо во ГТЦ некако многу по квалитетни и убави на око, дебели, има и комплетчиња со зимско елече ко јакна полнето за 750 денари од прилика.
Јас само од Канеј кај општината купувам и тоа само од тренерките на брезе и на уште една фирма долни тренерки. Често има попуст барем 30%. Другите работи неме бендисуваат, за друго вајкики најубави работи има.