Имаше да, ама многу се пазари од таму, нон стоп добиваат нова роба и се случува да отидам и пак да нема нешто. Инаку за девојчиња има повеќе избор секогаш... Ние мајките на момчиња малце дискриминирано се чувствуваме хахха
Од зегин, Ние имаме како ова со шаторот и ќерка ми си игра во него од 1 година сеуште, а скоро три има. Бебињата ни се мали и на вакви играчки не можат уште да ги користат баш, можеш да го оставиш да лежи само. Првата игрална е поцврста, на неа предпоставувам може да се исправува бебето од помалечко и да се користи во период од 5-6месеци ама не верувам дека би ја користела откако бебе ќе има една и пол година максимум.
Јас го имам првото за син ми и шаторче имам за ќерка ми веќе 2-3г. Споредба и двете се ок , и двете си имат добри функции. За бебево пример оваа игралната ми е измислена , ја имам скоро 2м , он е 8м за некоа ден , секаде а влечам низ соби , го ставам внатре со многу играчки топки и се занимава во неа , е мора закопчан оти ми бега ама како што го гледам за брзо ќе го откопчува , лесно се откопчува а он удара со раче и патентот се отвара и пак ќе ни бега Добра раб е што се обидува да се исправе на неа се вежба , цврста е и пробува да се поткрене . А на шаторчето тоа неможи , мека е игралната и моето ќе а извитка сета пример. Ако ти е за шаторче и накнадно можиш да земиш имаш многу убави модели , сега и така се во движење , игралната прва е добра за да си игра и да се исправа и да поседе , ако имаш нешто работа. А се користе долго и таа нема рок , ќерка ми 4г + е па и она е се напикана внатре , топките им се уживанции Јас докупив уште и само се валка низ нив.
Ништо , како мушама дебела иде. Јас тенко ќебенце имам постелено , душече треба некое по мерка да ти прават ако е изводливо шестоаголно
Па јас сакам повеќе за бебенце и си мислев дека првата е подобра од шаторот али ај да видам искуства мислев од некој што веќе ги има двете. Сега 3++ сме мали, ама за в зима пример да ја оставам внатре сакам е така за да сработам нешѕто или макар во вц да појдам А дека е поцврста и јас мислев супер би била кога ќе почне да се исправа А кога ќе биде веќе година, лето ќе не фати и надвор во двор ќе ја оставам, е тогаш шаторче можи Фала мајки
Оваа од фрее он иде како вреќа така? Имам јас едно плик дебело кебе и баш некни кога беше ладно ја пикнав и во количка...., ама мислев да најдам прекривка и да дојде како прекривка/обвивка и на предниот дел од количката.
Може ли линк од бутикот, не сум од Ск да видам ако работат со достава, најдов еден на фб ама за бебешка опрема е
Нели барав оградици за креветче. И се решив за тила, отидов и се попишманив . Многу во висина ми се видоа.ќе ми го покријат цело креветче нагоре. А баш ми е убаво креветчето со текнки вретенца дрвени. И кога ќе се стави оградицата не можам дете да си видам странично. Баш чудно ми се виде. И најдов една страна на фб Бомбачио...нарачувал некој?
Ова е вреќа и баш убаво топли, многу е убава за зимски прошетки и на ептен ниски температури, и на минус ќе и' биде топло. Горе јакна и од половина надолу послабо облечено само во тренерка бидејќи доста топли. Може и да ја откопчаш и да не е покриено, со патент е. Сега те сфатив, ти сакаш да ти се копча на количката. Мојата количка одеше со таква, ја користев додека ептен не залади. Обично таквите навлаки одат заедно со количката, нема универзална што ќе се закачи на сите колички, само вака има универзални што се како вреќи.
Аха. Оваа ептен убава да, се гледа дека топли. Јас дека имам скафандер крзнен дебел и затоа мислев доволна ќе е прекривка. Да не ќе и е многу топло скафандер и вреќа ? А башка и бебе е 2+, може и ретко ќе излегуваме, како што сум зимурлива Да се дополнам: сакав прекривка што ја опфаќа напред количката пошто ми е отворена напред... на joie, ја постирав погоре