Здраво мајки. Вие сте веќе со искуство, па ме интересира дали вакво нешто за новороденче е убаво да се користи и дали е практично? Уште е рано 32 недела сум, ама полека да се спремаме. Ваше мислење.
Софи паника одвај те чекам да се дружиме тука, ти реков ќе биде се ок . Инаку мое искуство со овие ми се фрлени пари. 2 купив ама џабе, мојава нејќеше да се повива никако. Сакаше и еве уште сака рачињата да и се слободни. Мој совет, почекај види прво дали ќе сака, купи си од ваикики од големите муслински и пробај класично повивање. Па ако сака ќе си купиш накнадно вакви.
@Emotional123 мислам дека има искуство. На @kostovaivana беба спие на меше, ама ако спие на грбче ќе се буди од рефлексите, затоа и се употребуваат овие, се разбира ако ги прифати бебе.
Не сум го пробала ова, ама мислам дека секое дете сака да е на слобода. Во болницата го повиваа, кога требаше да се пресоблече и пак да го замотаат многу се бунеше, прета со сета сила. Моментално спие во вреќичка без ракави, многу ја сака, ем му држи топло, ем рачињата може да ги движи колку му душа сака.
Ќерка немаше шанси да и бидат рацете покриени, заспиваше со рацете нагоре, еве сега второ бебе го повивам, не заспива инаку... така да, мислам дека секое бебе само ќе си покаже што сака, мали човечиња, карактери . На темата, обично ќебе бебешко, муслинска тетра (поголеммки во ваикики) ќе завршат подобра работа, (според мене), отколку тоа као наменско...
Имам и јас 2 такви вреќички без ракави, подарок ми се. Немам искуство воопшто па подобро е да прашам, мада точно е дека секое бебенце си е приказна само по себе. @kostovaivana Дај Боже мила се' нека си биде добро. Едвај чекам да се дружиме по овие теми и да добивам совети од вас поискусните мамички.
Исто како и другите мајки би те советувала да почекаш да се роди. Повеќето бебиња не сакаат да се покриени. Моето не сака покривање никаде, се турка и се нервира. Вака да го завиткав има да се преплачи мислам. Исто совет немој да купуваш многу работи. Само потребното а за вакви нешта ќе си купуваш отпосле ако ти треба.
Тоа не знам мајка. Моево душече има и нешто на среде, слој некаков од бамбус ли и е потврдо и поцврсто.
Децата со рацете го осознаваат светот и развиваат рефлекси. На почеток ке се штрецка од рацете ама кога ке разбере дека се негови/ нејзини ке престане. Додека се мали не се откриваат ама за понатака имаш вреќички без ракави.
Мојата не да не сака да е покриена... среќа што ни е топол станот... Туку кажете чаре не сака капа на глава, машна, ништо....во секунда пишти само што ќе ја допрам при обид да и ставам. Изгледа ладните месеци дома ќе ги седиме
Да, го користев ова ама кратко. Јас покасно го купив, а бебуш ми е крупен. Ако е мало бебето, може, а ако не, ќе му бидат свиткани нозете. Јас повеќе го повивав со тетра, а нозете слободни. Моето уживаше повиено. Многу му пријаше ова, сепак зависи од детето. Штом ќе го завиткав ќе заспиеше, а до тогаш од рефлекси не можеше.
Сеа морам едно по друго, касно е за менување. Има ли некој нарачувано од Енци менци онлајн? За колку време стига?
Ќе ја означам @KonstantinaM, мислам дека таа го има. Ако си за земање аспиратор, јас го имам носе фрида и не сум задоволна.
Даа јас го имам,баш сме задоволни неколку минути пред влечење ставаме физиолошки или капки и брза е постапката..ама сега е поголемка па научи со звукот на правосмукалка што и следува и знае да се бунтува,бега со главчето го фаќа цевчето ,може и со уста да влечете ама боље е правосмукалка...препорачувам