Кажете ми бутик кај шо не бараат вакцина или онлајн страна кај шо има убави машки зимски јакни или дводелни скафандери?
Во Мега фешн имаше јакнички и на Примарк имаат донесено роба,ама малку цените им се претерани.Или разгледај си во Wenice https://wenice.mk/Product/ProductsPerSubCategory?subCatId=13 ,ама не глеам дводелни скафандери https://wenice.mk/Product/ProductsPerSubCategory?subCatId=17
Овие од венис ми се преубави, ама големи ќе му се јакните, а едноделен скафандер одлучив да не земам. Колку тоа претерани цени во мегафешн?
Во споредба со цените во Примарк мислам претерале,пример детска јакничка со 50% попуст 2500 ден. ,ќе одам утре ако сакаш ќе разгледам убаво и ќе ти сликнам
Јас лани за големото земав од тука. https://www.facebook.com/DisneyBitola/ Ваков Има и најмали 1 ци. Супер се и оваа година ќе си го носи.
Ќе тркнам утре до тоа спроти рамсторк. Ако се на попуст, океј, ама 5000 не давам за јакна 2 месеци што ќе може да ја износи. И во тие 2 месеци 5 пати дали ќе излеземе да ја облечи. Фала ти мила. Фала @monik55, ќе разгледам. Овој дводелен е од син ти? Многу ми е убав.
Вакви и во канеј добиваат само прашај кога, и види да не има лански модели лани ги даваа по 800 ден. Мене овие ми се поекономични може и јакната посебно да си ја носи. За бебево сега земав од скафандерите како мече што се ама он мие мал за јакни и скафандери вакви. Едит плус инфо. Во вајкики аутлетот имало мали зимски јакни по 800 ден.
@IRBBB Извини јас со уште еден предлог. Исто потврдувам за квалитетот. Најмало бројче е од 9 до 12 месеци.
Од Зара. Исто ваква слична има син ми он ја износи две години, татко му земал погрешка поголем број што може и оваа година да ја носи мислам. За скафандерот син ми ист имаше ваков. Земи 9 до 12 плус џемперче одоздола таман ќе сие.
Софи,со лесно да е мајка,многу ми е мило Мојава многу преташе и вакво ептен ќе ми завршеше работа,дури се наканив да купам веќе се смири,убаво ти велат,почекај да видиш какво ќе ти е бебенцето и ќе купуваш. Инаку женички,многу од работиве што ги барате ги има на Али и со одличен квалитет,посебно силиконските лигавки и садовите за јадење,овие од mushie и bebebox малку забегале со цените.
И јас ја гледав баш истава ама се замислив за големината Моето 6 месеци ќе прави во ноември, а 9 во февруари. Вака по големина си е баш за месеците и сите алишта му се така таман може кнап да кажам некои за 3-6. Да си нарачам 6-9 јакна?
А овие што носат роба од лидл , да ги видиш убави се , јас ги имам за децата од гер си ги земав и задоволна ептен . Момата еве 2 сезона го носе исцело не мрда и убав материјал е ептен.
Со карго не знам, ама има во Елва продавница кај Мегамед во Аеродром и е некои 700 денари. Можеш да го видиш во скриено катче, имам слика ставено
За јакна за големиот секоја година зимам од зара со пердувско полнење. Од сите места само во зара има со пердув. Да знаеш дека топлат ептен а не се тешки. Само не им се сите со пердув, по 3,4 модела има само.
Ја и од овие им реков за бебе мое да видат следна недела да ми земат , или исцело или дводелно , 86/92 е најмало. И во Кали тука сигурно ќе ги има.
Јас го купив пред една недела после цел месец со размрсулавени деца. Предходно користев носе фрида и нема споредба со ниското. Прво ми беше страв како ќе влече, да не е пресилно, ама одличен е, јас 20 мин треба да се препотувам за да му извлечам толку секрет како ноското за 5 секунди што вади. Плус од бучењето на правосмукалката се деконцентрира па нема толку плачење. Препорачувам