Го купив од локална аптека ама можеш да го земеш од Анни фарм во Капитол или од kiwi.mk онлајн нарачка имаат со ептен брза достава.
Одбра нешто? И јас барам топла јакна, по можност онлајн. Те молам пиши и тагни ме кога ќе одбереш ако не ти е тешко. Или лп Од Зара ми изгледаат убави. Да не знае некој кога им се попустите? Да не нарачам па за две недели да е многу намалена па да ми е мака _____________ Едит: Вие што имате прибор за јадење од Али, како е со квалитет? Многу ми е страв да не мириса, да не е со некои штетни хемикалии силиконот. Скапи ми се муши, ама па ова од Али некако ми е несигурно. Ако може споделете. A овие Бебебокс мислам дека се "брендирана" роба од Алиекспрес... нека ме поправи некој ако грешам. Исто има чинии Фрион, ги користи некој да сподели искуство:? Oк се со цена тие, aма си викам истата кинеска роба е и таа. https://bubamara.mk/hraneedoee/freeon-silikonsko-tairche-meche/396853830071139685
Јас и @IRBBB имаме нарачано и баш чекаме да ни стигнат. Ептен ефтини беа, ако сакаш ќе ти пуштам линкови. Ама за квалитет ќе ви кажеме коа ќе стигнат
Тоа тоа, квалитетот ме интересира. Инаку расчепкав, бендисав... и силиконски и бамбусови. Ме кочи некако кинесково
Се надевам не згрешивме па ќе видиме. Мада до сега имам неколку силиконски работи нарачано и биле и се покажале супер па се надевам и за овие ќе е така.
Бендисав од зара и ми ја лапнаа пред очи. Многу се изнервирав, нема величини ни 6-9, ни 9-12. Втора опција ми беше јакна која има и пантолони, шо можиш да ги направиш комплет, а не мора од дениција. Најверојатно тие ќе ги земам, сакам само до мега фешн да појдам и до тила, да не ми е мака после. Исто има убави во мапет и венис ако се точни за твојот дечко, оти од 12м нагоре се. За силиконските комплети, чекам да ми стигнат, ќе споделам искуство. Мене прво сумливо ми е дал ќе стигнат воопшто, после какви се.
А на Твистшејк си ги видела ли , мене ми се баш фини и убави се не е лош бренд. Јас ги користам за малиот. Околу 600ден се тањирчињата , подлога за да залепи дополнително се купува . Имат и прибор и се останато.
@LivingGlam следната распродажба на Зара е за Блек Фрајдеј , 26 Ноември мислам. Јас имам монтка за малото од Зара. Топла е, а многу лесна.
И овие ќе се брендирани, ама со друг бренд. Нема да се mooshi, туку mosshi. Нека стигнат еднаш само, оти јас за тоа најмногу скептична сум.