Па искрено утеха ми е што знам дека не е само он и што е донекаде нормална појава. Само се надевам ќе престанат зашто веќе накај стресно ми иде кога ќе го видам
Па ајде ќе видиме со кашичките. Јас најверојатно порано ќе почнам па ќе споделам дали има подобрување
Еве утеха и од мене. Првото ми бљуцкаше (ама асално бљуцкање како фонтана), по неколку пати во ден. Таман сме излегле дотерани, уште до кола не сме стигнале сме се враќале и двајцата повратени. Дома се живо мислам беше избљуцкано И се подобри со кашите, ептен ако беше потечна знаеше ретко да врати, ама накај 7,8м веќе скроз престана
За пресоблакање не збори. По 5 пати на ден да речам малку е. Неможам да се доперам. Секој 3 ден лигавчињата купувам тие па на 20 мин ги менувам
А тек во дубак или џампер понатака Го расипав дубакот не свиреше веќе зошто морав да го истуширам Не е страшно, нека се живи и здрави, бриши, чисти и не се грижи, битно е да си напредува
Ај пошто темно боди еднобојно ме најдов, некој да ми помогне, блузичка по долги еднобојна темна, црна,тегет,темно сива... За принтање ми треба не можам да најдам
Да ги прашаш мала пажња дали имаат црно боди? Гледам имаат принт со фраер/ка на клот црно боди, па ако ти одговара и принтот може да ти го направат. Инаку еднобојно бодиња во локо кроко видов, сиво имаше сигурно.
Овде па нема броеви, таман се израдував. Ништо да видам до Ваикики дали имаат од блузичкиве памучни што го гледам на турската страна и се откажувам. А за роденденот на тато ми требаше...
Утре ќе одам во Тила, ако не ти е за брзање ќе ти кажам дали има темни, еднобојни сигурна сум дека има. И во мапет има други бои, ама светли.
Ние имаме од тука https://wenice.mk/Product/ProductsPerSubCategory . Исто ни беше споени доле кај ножињата ама кога почна да оди го однесов кај кројач и стави рендар од доле и сега може со чизми да си го носи.
Мајки од кај купувате едукативни играчки за бебушите? Конкретно вакви барам за редење фигури една над друга и вметнување една во друга (не знам дали имаат некое посебно име), по можност дрвени. Да не е али