Што е попрактично и подобро за да го заштитам бебето во креветчето - плетенка или од оние оградици што се како перничиња? Од што сте задоволни вие и од каде го купивте?
Јас имам плетенка за да може да струи воздух во креветчето, иако од безбедносни причини не се препорачува да има ништо. Плетенката ми е од гнездото, од трифантино.
Да, едно за да има струење на воздух, друго заради опасност да падне врз бебето или бебето да се заврти со носето кон нив. Не се препорачува ни оградици, ни играчки, ништо. Ваикики да видиш.
се гледа дека немам врска јас пустата... јас па на почетокот кога останав бремена колешка ми покажа дека она имала цели такви оградици и како морало да се има било опасно иначе бебе да не се мавне, да не пикне раче... и сите кога ги прашував оградици обавезно, а мене не ми се свиѓаа и така ми личи ко да ќе се угиши бебе внатре, ама викам чим мора ќе купам сеа ме просветли, ич не купувам, може некое перниче да земам само
Знам дека од безбедносни причини не се препорачува ништо, но веќе бебето почна да ги мушка рачињата и ноџињата меѓу решетките на креветчето и страв ми е да не се повреди. Значи никако не одговара, ни со оградица, ни без неа.
И јасбод тие причини на почеток не земав оградици ама сега дека се врти и мавта со раце и нозе а а цело креветче е дрво и со решетки и земав оградици. Ама ги пикнав едно 5 см внатре во душек и јас едвај ги вадам.
мислам дека секако сите се врзуваат, барем тие што ги гледав... а што мислите за перничиња што се врзуваат место оградици?
Да да, врзаби горе, а долу ги пикнав подлабоко во душек, пошто пониско повеќе ми се свиѓа. Дека соте страни ми се со решетки т.е. вретена. Перничињата може повеќе ќе ти одземат од просторот во креветчето.
Некои квалитетни ташни/ ранци каде би можела да носам бебешки работи? Да не се со детски мотиви, туку еднобојни, крем
Фала ти. И ние имаме една памучна од Тила, ама сакав кончана. Некако тешко му ја ставам сега памучнава, како мала да му е. Од лани ни е
https://www.facebook.com/collectionnanam/ Има ли искуство некоја со странава, вреќичкиве поконкретно?
Мајки што бројче да купам скафандер за прв пат, термин ми е крај на ноември па да си го носи зимово а сепак да не му е преголемо за почеток. Се мислам дали 58 или 62?
Нигде го нема, а и прашував по аптеки различни. Мислев некоја од вас сега скоро што купувала да ми посочи каде да го најдам. Ми дава на гугл само во некоја аптека во Кавадарци, ама не работат за да прашам. Ќе мора изгледа понеделнички да почекам...