@Slonce91 и мене ми останаа скроз неискористени. Додека ги наместев... ако си сам со бебе што плаче. За надвор не се одма ќе се испокинат ама пробај секако.
Леле жено ти благодарам највеќе на свет!!!! Како не сум приметила дела малите имаат лепенки . Јас ги видов големите и по автоматизам си мислев дека и малите се исти. Која глупача сум Ме просветли ептен! шо да се частам?
Туку кажете ми кај да нарачам од оние коцките меки за подлога за бебе онлајн? Едно време ми искачаа сега нигде ги нема.
Хахаха ме насмеа бе Частење да ја пуштиш Калина на еден коктел со млеко со синко без да види Мартин хаха А бе изгледа така ги прават малите пошто веројатно сите колички имаат вакви пластики на малите тркалца. Инаку има право Срна што вика дека шушкаат многу и не се за да ги возиш по дома, туку баш се заштита. Мене ми се максимално искористени со оглед на тоа дека количката само надвор ја возам, во ходник ги стваме штом влеземе ја возам едно 3-4 метри со нив и после си стои така количката кај што и е местото. Јас давам топла препорака, ако не ја возите по дома количката
Абе они убаво си мислеле ама ја глупача . Таман ќе си ги ставам одма во функција. И јас количка само за надвор користам. Коа беше надвор влажно пред врата ги вадев тркалата и право на миење пошо беа лом За коктелчево средено на другарска база де
Аха значи сепак ништо баш јас за тоа што сакам да ги користам чорапите за тркалата нема да успее јас надвор сакав ама океј ќе си ги перам сепак
Овие многу поскапо ги продавале работите на Џорџ. Им пишав за бодињата, 5 бодиња се 1500ден. а во Тајни бејби 7 бодиња 1200ден.
Немам ништо нарачувано од нив, неодамна случајно ги заследив на инста па ми текна кога те прочитав дека бараш.
А да знаеш дека истите модели што кружат по странициве ми ги донесоа од Англија пријатели за 300 и нешто денари на попуст некој начекани А стандард цени им се околу 500 денари. И јас нарачувам некои интересни од тука во моментот што ќе ми се засвиѓаат, не викам не, разбирам и заработка ама некогаш претеруваат со цените.
Во Лотус М има и најефтини се. Не се многу дебели, незнам какви сакаш точно. Ќе прикачам слика од нашите (немам моментално слика само од нив), тие со бројки што се.
Се знае дека се поефтини, ама ова е претерано. Пари прават преку ноќ. Па уште пишале на стори имаме многу порачки сите ќе добиете одговор. Овие што нарачуваат не знаат дека ги има за поефтино изгледа.
Женски, ај ве молам пратете ми линк од каде ги купувавте Бејби Шарк-овите шо пееја Никако не можам да најдам на која страница беше муабетот.
Локо кроко види, мада јас мм го пратив по такво што пее и обично шаркче гумено му дале, ко за капење играчка. А на страната стои дека го имаат.