Каде можам да најдам санки освен Либерта? Во ваикики аутлетот има сигурно, од таму јас земав. За женско сигурно има, за машко не сум гледала.
Каде можам да најдам бебифон без камера по пристапна цена? Или ако некоја од вас продава нека ми пише.
Исти проблем мами, не знам како да постапам веќе..моево само се исправа никако не сака да лежи, седнува и шлапка со рацете, никако не можеме асолно да го искапиме, секое капење ни е борба...пробав да го тргнам адаптерот и да ставам тетра пелени ни така не стои...и моето корито е прилично големо ама не верувам дека од тие столчињата за седење собира...ако најдеш решение те молам пиши
Незнаев каде да пишам да споделам искуство со вас во врска со оградици и вреќички за спиење. За ќерка ми имам оградици од Biljana Bile Novina на фб порачано, цел сет со перниче и јорганче за 2300 ден, од сетот ги користам само оградиците ама одлично се направени, влегуваат под душек, сунѓерот е цврст и нема шанса бебе да го крене и да биде опасно за него. За синко порачав од Ситник исто сет за 2300 ден, мислев многу ќе бидат практични ама ужас се, плус никаков квалитет. Оградицата е составена од три перничиња и од страната кај нозете и главата има како ваља и, катастрофа, се вадат многу лесно и неколку пати бебе го најдов иссукано под перниците. А перниците како некоја синтетичка волна полнети, се вадат топчиња низ навлаката.. Тотално неискористена работа се овие сетови па мој совет купете си само оградица од тенките од тила или Ело. Вреќички имам неколку: H&m 0-6м без ракави, ја носеа двете деца C&a 6-12 исто ја носеа двајцата одлична е. Имав една од рамстор пред 2 години за смешни 300 ден ги имаше на акција, предобри, ист квалитет како првите 2. После една година ќерка ми несакаше вреќа па решение најдов во вреќите со ногавици, имам две, една од Babyco.mk и една од Happy Kids Makedonija. Првата е летна тенка вреќа, не ми се допаѓа што ногавици те се прешироки па и се креваа до горе, треба да стават подобар ластик на тој дел, исто така кога ја добив вреќата одвратно мирисаше на некој лепак, после перење мирисот го снема, мислам дека истиот беше од апликацијата на вреќата. Од happy kids вреќата е многу убава, дебела, баш зимска, да не припокриваш дете со ќебиња плус, манна и е што нема ракави. Последно купив вреќа од вајкики за ќерка ми, ептен е убава, со ногавици и долг ракав, мека, памук. Одлична е Ќерка има 3 години, зедов 4-5 и кнап и е, не е воопшто крупно дете 14 кг има. Се надевам ќе ви помогнам на некоја со сп Ние во раце го капевме, еден држи друг тура вода
Леле мами како мрда и јас ќе се искапам во исто време не знам стварно, во вц ни е тесно и имаме туш кабина, да имавме када ќе си купев таков адаптер со седење и полесно ќе беше, вака незнам веќе
Јас скафандер убав не можам да најдам. Или се тенки или прескапи или се грди со некакви трактори или нема бројче.
Ние имаме коритце со сталак и го капиме во дневна, малечко вц исто имаме со туш кабина. Двајцата заедно обавезно, сама нема шанси.
Никако мама, ќе си трпиме дур седнат стабилно изгледа. Mothercare не работи, бев вчера до локо кроко да видам таму, има столчиња ама не ги собира во корито (имаме од најголемите корита). Таман е за во када или во туш кабина ако сакаш подведена да го капиш. Ќе си тераме ко досега изгледа дур седни стабилно. Синче ко бајаги е седнат, мм му го држи газот да не му лизга , рачињата му ги вадиме надвор низ страните, демек да се држи на нив, ама тој повеќе шлапка внатре отколку што му се надвор, а јас потурам вода или директно со тушот и ставам купка, па на крај мм го крева в раце за газето и ноџињата да му ги измиеме. Син ми, јас, мм и купатилото сме жива вода.
И ние имаме корито со сталак и го капиме во дневна ама подот после цел вода...ни седи ни ништо, се исправа, шлапка со рацете во водата или дрпа од страна се, особено ако го виде садот за потуривање станува по него и по еуцеринот за капење...јас премести ги, тој стани прави и пробува да ги фати, па се врти на стомак, абе комедии е едно капење кое трае 5 мин исто како да сум трчала 50 мин
Почекај во ваикики сигурно ќе има јас лани му зедов и стварно е многу убав ќе ја поминиме и оваа зима, 2000ден беше
Чисто ако на некој му треба дводелни скафандери од 2г нагоре величина сеа ми излезе реклама на Инстаграм од hristii.online има добри модели.