Ние добивме зелено светло од ортопед за користење џампер. Сакам статичен , не за на врата, освен сити мол, бебемаркет и лококроко имате идеја каде на друго место да ѕирнам?
@Igle @elcezelce од каде ви се хранилките? Видов дека имате исти ептен ми се допаднаја. И линк ако може
Каде да најдам табличка за во кола( baby on board) ? Нема во Јумбо од тие жолтите има само женски бодиња... И памични лигавчиња освен Стружанка каде да најдам ?
Јас набавив лигавчиња од кимико продавницата во прилеп. 15 ден парче. Се изнабљуцкаме, перење на вриење со сите други алишта на бебе. Само да напоменам, за бљуцкање се, не за каши. А бејби он борд и мене ми треба.
@pile30 @Leo_29 во АМСМ имате бесплатни налепници за во кола, е сега не се фенси "baby on board" туку на македонски пишува "бебе во автомобил" и има бебе на сликата.
Имаш во Просветно дело,Топер,Тримакс...гумени,звучни,комбинација овошје/зеленчук,делови од телото,животни на фарма,диви животни...
Кукла јас имав вакви за син ми, ми ги донесе некој од странство, не беа иста марка како овие ама овој тип.Тешко му ги облекував, имаат ластиче ама пак не ми беа практични, иако се кожни, сепак потат. Е сега зависи и од возраста, јас ги имав на околу 6 месеци и на тоа мало ноџе тешко му ги облекував. Барај нешто со лепенка или нагоре како чорапче.
Дали го има некоја мајка ова или слично дали сте задоволни? Или предлог некое друго...Ми треба вакво за на количка за цуцле за шише при рака да ми е се...