Какво е во живо? Не сум го видела лично е ке држи или? Практично ми изгледа за при рака да не гњурам во ташна
Искренo, го видов од Ели, таман ќе го купев, ни го донесоа од пики и истото е ама пластииките очај. Не дека не врши работа ама на изглед и квалитет другово е поубаво....
Еурофарм, јас имам на Microlife но за чело што е, мери за 2 секунди и е скроз точен (сум споредувала со живин). Има од таа фирма и со цуцла Попрактичен ти е тој за чело, 5год гаранција има.. цуцла може и да не ти фати, па џабе да го купиш...
Вака имам план да купам рамка ,од внатре да и ставам јаже и со мали штипчиња ко за на алишта да закачам мали сликички за бебешката соба ,ама каде да најдам од минијатурните штипки? Нешто овака имам на план.
Од овие маливе? Баш ќе проверам ,тешко се наоѓаат барам мали штипчиња ,ми нудат од тие за алишта најјмалите Дур ме разберат дека барам од овие 1цм ..
Ние ептен се изнаносевме вакви: http://www.bebesling.mk/kategorija/13 Друг производител е Dotty Fish, ама јас сум ептен задоволна. Ортопедот ни ги препорача за проодување. Нас ни беа топ. Лесно се облекуваат и соблекуваат се бришат со крпа. Пробав да ги сменам зимоска со тие кај нас што ги има ефтините како чорапи со кожа долу и бебе глава ќе искршеше со нив. На крај износе три пара вакви пред да се префрлиме на нормално топлинки. Оваа продавница ја има кај Универзална во уличките.
Мене ми дадоа за повојница и ми кажаа од каде се купени. Така и дознав. Инаку продавничката е со ептен слатки работи. Нема многу ама има на пример рачно плетени кашчиња, фустанчиња за девојчиња, македонски дрвени играчки, килибарни ѓерданчиња по супер цена, марами, слингови и слично.
И јас мислам дека има во Џамбо, но ако не најдеш побарај по цвеќарите, барем во таа во Рамстор сигурна сум дека има плус побарај и други тракатанци, мали, лепливи за бебе ако сакаш да ја накинџуриш рамката