Ние лани добивме од Кидлинг книга за Нова година преубави се и убав спомен, имам порачано и јас за подарок и многу им се допадна. Видив во Тримакс имаат пакетчиња со сликовници, боенки.. Супер им се и тиа
@Andrejaaaaaa Не знам каде би можело да се најде такво вовче, една од членките, ако не се лажам имаше, сликнато со бебето, мислам дека беше @Oneo (извини ако грешам).
Да јас сум, ама возот ми е купен од продавница во Битола што не работи со онлајн нарачки. Во Џамбо видов вчера дека ама незнам за големина.
Каде би можела да најдам вакво или слично фустанче но да не е онлине. Или каде во скопје има убав избор на новогодишна облека?
Во East Gate во Sinsay. Купував за пријатели слично вакво комплетче само со Мини Маус. Кога ќе влезеш веднаш од левата страна има новогодишни облеки и тука стојат и бебешките/детските, да не ги бараш во делот за бебиња
Дали знаете каде можам да најдам сложувалки со диносаурус?Само да не се составени од два до четири дела туку од оние поголемите
Фалааа @emkaemka Овие Балтазар само ми излегоа на Фб, ама некако сомнителни ми се, имаше доста коментари од незадоволни купувачи
Вчера ги гледав баш, затоа знам со сигурност А за синко голем имав од јумбо купено, пишуваше на него Babys first Christmas, ама незнам сега дали ги има не сум била
Преубаво е и ова фустанче. Ми треба нешто за сега до вторник најкасно, затоа барам да не е онлине. Ама може ќе и порачам вакво па за нова година да ја дотерам.