еве ги моите, ги има во делот кај корпици за бомбици, кеси, и сл. некогаш и продавачките не знаат точно што бараме па покажи им, може полесно ќе ти помогнат
Фала ти, ги најдов за жал има само бели и црвени, мене ми требаа во таа дрво нијанса заради изработка на ирваси
Мајки дали некој има од овие два модела на трицикл да ми каже какви се во однос на стабилноста, каква е конструкцијата неможам по сликиве убаво да ги видам, а во карактеристики нема баш баш објаснето убаво. И ако може некоја нека ми прати слика да го видам во 'живо'. Едит: мене ми изгледаат исти овие два модели само тиркизниот е поскап поради торбицата или има некоја друга разлика?
Ние го имаме тиркизниот. Во Енци Менци во City Mall, ми кажаа дека Рито плус (тиркизниот) е понов модел и има плус торба. А се останато е исто.
Ние го имаме првиот. Одличен е,многу стабилен и квалитетен. Освен во торбичката (која е убаво да ја има,зошто кај другиот нема многу место) мислам дека имаше разлика и во гумите,едните може да се пумпаат,другите се полна гума.
Мојот е собран зимава и баш не ми е пристапно да го извадам од други ствари. Не е со гуми на пумпање, туку полна гума е. Мислам дека ти ги пишува тир карактеристики на сајтов. Инаку и јас сум задоволна, многу е практичен. Малку е лош само за симнување од тротоар само на предно тркало ако застане, знае да се заниша, но во глобала е доста лесен, лесно се управува, не фаќа многу простор.
Јас ќе се надоврзам малце во друга насока би сакала совет, бебето сега ќе прави годинка, почна да оди уште придржувајќи се со едната рака за некој предмет и стои сам, сака многу да се вози во количка и уште си ја користиме за прошетки, од аспект дали е практично да купиме и трицикл или понатака да купиме директно точак баланс или тротинет од типот scoot and ride (што има опција да седи и да се бутка дур е помал), а дотогаш да си ја користиме количката ??? Бидејќи немам многу простор и одам секогаш на попрактичната и поискористената варијанта
Вреќичка за спиење без ракави каде да најдам и шо пари се? Не многу дебела. Оваа што ја користиме е на примарк, поклон, ептен погодена, како плишанка, ама веќе ни е мала.
Искрено мене ми е поклон трициклов. Моето не сакаше да седи во количка тој период кога беше во фаза на проодување. Па ова му доаѓаше како промена од количката, па успевавме малце да се прошетаме. Многу попрактичен ми беше за во маркет, низ трговски, зошто не е толку гломазен како количката. Баланс исто добивме на поклон, но здравје напролет планирам да му го дадам. Сега има 16м, проба, сакаше да се турка, ама не сака да го држам, а сам не може. Ако ти седи во количка, таман зимава и нема многу каде да се шета со трицикал. Може исто напролет да пробате со баланс, до тогаш ќе има убаво заодено. Ваков е како на сликава.
Не е ни ептен тенка не е ни многу дебела кај нас за спиење е околу 19-20°спие на боди маица, и памучни пижамки и таман и е.