Каде да најдам чорапчиња со играче напред да тропка при мрткање на ноџињата...како оние за нова година со дедо мраз од Џамбо што ги имаше?
На али експрес има сигурно, моите се од Грција. За во Македонија не знам, барем Битола не сум сретнала.
Имам јас на Карамел со мечиња кои тропкаат, моите се од Анжи ама ги има и во продавничката Карамел на Бит пазар
Од Нептун 1670 ден. Ова е модел блендер + сецко. Го има и само блендер 1000 ден. @forumce не пишав цената е со Нептун хепи картица, редовната цена е 2000ден.
Можеби има и во книжарите како bookmarks, јас ги имам овие, ама од пред многу години, па не се сеќавам од каде ми се
Не не без поени само со картичка на промоција е. До сега два пати го искористив блендерот и еднаш сецкото и многу добро работи.
кај да најдам во битола ваква цуцла за овошје и зеленчук да може да јаде? во зегин имаше една ама многу голема ми изгледаше вреќичката
Не се големи, јас ја зедов баш таа од Зегин, сега не ми текнува што фирма беше, мислам на НУК, ама не сум сигурна. Не е голема воопшто мрежата, ќе си ставиш поголемо парче овошка внатре, и ќе си ручка бебе. Не се кине, ама внимавај ако има запчиња.
Со што би можела да направам отисоци на раце и ноџе? Притоа да можам лесно да го измијам после тоа...каква боја се користи знаете? Каде да најдам?
Ние му направивме отисоци во специјална глина. Ги има во продавници за бебешка опрема и има и во Џамбо. Провери таму можеби има и специјални бои. Во радосницата само му го нацртавме ноџето (го ставивме на хартијата и со пенало околу цртавме.
Да такво од глина му купив но за во радосницата сакам...имам акрилна боја ко темперна е и се мие лесно но викам да не има некоја специјална боја..
Кажете ми некоа страница каде изработуват овие што се позадини од рози , цветови (имитациа) за прв роденден и бројката 1 ја имам видено исто така направена ..
И јас баш сакав да прашам со каква боја да ги направам отисоците. Каква акрилна имаш, од каде е?? Чим брзо се мие ОК ќе е мислам.. Пиши Baloni MK на фб Едит: сега препрочитав не бараш балони За такви цветови цвеќарите ќе ти направат, ама скапо ќе чини биди спремна