Здраво мајки. Сакам да земам некоја од овие играчки за синко. Со оглед на тоа дека се поскапи, би ми значело доколку пише некоја што ги има користено која е корисна за парите, да задржи внимание и да биде од корист за развојот на детето. Ви благодарам
Мајки, гледам доста порачувате од Зара. Колку се соодветни величините спрема возраст? Имам поклон маичка и блуза од таму 9-12 ама некако ми делуваат премногу широки. Сакав да порачам нешто за бебуш ама ми е страв да не излезе и тоа широко како вреќа. Вие какво искуство имате?
Споредба со Ваикики, носи 9-12 и му се комотни да кажам, за повеќе време да ги носи. Од зара 9-12 му порачав, огромни се, веројатно на пролет ќе му се точни.
@Kitten Мислам ти бараше вакво дуксерче како мече, ова е слично ако немаш најдено. од Baby Shop Bomida e.
Ако порачувате од Бомида да знаете дека им се помал калап сите модели. Ја иам 9-12 за син ми, на 4 мес веќе му се мали и бодиња и тренерки и се шо иам земено. И доста се тесни, не се растегливи.
Каде би можела да најдам вакви или слични прегради за во фиока? Може и пошироки, за селекција на бебешка облека. Дали некој сретнал негде?
Здраво мајки, дали знаете каде можам да најдам коцки за подлога како на сликата или слични, може и онлајн порачка. Знам дека има во Јамбо со бројки само.
Кај може да најдам ваква чашка? Силиконска како за ракија. Само да не е алиекспрес, за похитно ми треба.
Мамички каде да најдам од оние глинените коцки што се за отпечаток од раче од бебе Во мојот град нема никаде такво нешто Ако знаете некоја страница за онлајн нарачка