Е тоа незнам, нема упатство. До душа не сме почнале ни со користење, месец и пол сме, здравје за две три недели ќе ја ставам во употреба. Мада мислам дека на рамна подлога е по практичното отколку вака на перница ама ајде ќе видиме.
Јас на истово му се мислев да го земам ама се предомислив. Перницава доле многу непрактична ми личи. Треба да е на рамно бебе. Плус на меше не можеш на ова да го ставаш. Ние ги имаме зајчињава посебно, и ко кукла и ко тропче, 5 месеци е веќе ич им немаше мерак, ни ко помала ни сега, многу слаби бои се некако. Једино дрвената дршка од тропчето ептен и е сега погодена, ко глодалка си ја користи.
Дали некој може да ми каже каде да купам само чаршав за детско креветче во Скопје? Таму каде што разгледував се целосно постелнини а немам потреба од навлака за јорган/перница
Ја од тука земав и супер е планирам уште два да си купам. https://bebehome.mk/product/vibboo-долен-чаршав-трико-бел/
Не.. доста време барав само чаршавче и само овие ги најдов на сите други места се сетови со ненормални цени ..
Happy Kids Macedonia имам за ќере супер е. Од вајкики уште подобра пошо е со долг ракав ама зедов 4-5у број а на 3 години кнап и е.