Здраво, барам swaddle за повивање на новороденче. Во МК до сега најдов само еден бренд babyjem, дали сте виделе вакво кебенце за повивање во Мк од друга фирма, за да имам за споредба, или ако некој користел од babyjem дали е убаво?
Која цена се? И зошто е добро да се повиваат вака бебиња гледам у странство ептен го користат методов ама не сум упатена зошто?
Во првиот месец ги повиваат вака за помирно да спие да не се плаши и буди од рачињата кога ќе мрдне. Лично не го употребував, многу краток период се користи. После секако е препорака со слободни рачиња да спијат.
Нас во болница ни дадоа препорака со една тетра вака да го повикаме да не се плаши од рачињата, ама јас не ја повивав
не е добро да се повиваат, ортопеди не препорачуваат... најдобро е бебето да се остави да прета и да развива моторика
Барам ваква подлога за бебе, во Нама.мк ми кажаа ќе ја добијат дури април/мај. на алиекспрес има помали и поскапи (оваа е 200х150). Некое друго место да ја има подлогава? Дезенот не ми е важен
Па за спиење само се повиваат, не станува збор за она класично повивање како нас порано . Се оставаат нозете послободни, не се стегаат толку, повеќе рацете се повиваат. Се буди, го одмотуваш и си прета тоа не го кочиш у ништо. Баш е убаво да се повиваат вака дури се новороденчиња, многу помирно ќе спијат. Кај син ми многу беше изразен Моров рефлекс, да крцнеше пархет тој се маваше по глава и толку од спиењето. Ама во август роден ај повивај го .
Каде да најдам играчка Хаги Ваги? Секаде баравме ја нема.. Само неа ја бара синко а не ми се чека од аликспрес..
Да не знаете каде можам да најдам ваков држач за цуцли со име? Многу ми се свиѓа овој со голема жирафа..
Се мислам дали да земам некое потенко скафандерче т.е. како дебели шпихозни шо се. Некако мојот е ептен дебел и е баш за ладно?! А ако начекам и на попуст сега со намалувањата пани за наесен до кај декември. Тогаш ќе е година и пол. Ок ќе е со скафандерче тенко така? Или јакна за таа возраст ќе е подобро?
Зависи до детето како ќе трпи. Ако ти е само за шетање а не за во снег можеби е подобро јакничка. Во енци менци се сега на 70% намалени скафандери, јакни. Само не знам што избор има.
Што се купува за новороденче машко? Сакам нешто што ќе им користи долго. Како беа оние на Инстаграм со цуцла и вака името како бројаница. И оние дата, саат, име на детето, тежина висина.