Памучни капчиња каде има сега за периодов? Ваикики не ни одговараат, во очи ни паѓаат. Тила немаат моментално.
Здраво мајки. Од каде купувате квалитетни бодиња. Јас користев само на Тритекс бели, но некако во последно време како полош квалитет ми се и се кинат кај копчињата доле или рандом негде ќе се јави некое дупче после 2, 3 облекувања. Пре би сакала да бидат со копчиња кај вратот, не со преклоп, ако знаете да има негде, предложете ми.
Дали некоја има нарачано ќебенца од lunaknit (на инстаграм https://instagram.com/lunaknit_mk?utm_medium=copy_link )? Вака од слика ми се гледаат ептен убави, ама кога е за бебе сакаш се нај нај (особено материјалот) Или ако имате препорака од искуство со пристапни цени
https://www.libertabebecentar.mk/kinderkraft-4smart не знам дали вреди ама мене ми е убава, контрасти, патерни, 4 страни со различни стимулации текстури, звуци, бои.
Мамички каде можам да купам поголем транспортер,тој што го имам веќе на синко му е мал, сакам поголем и со исправени ноџиња да биде во него, дајте предлог каде има?
Колкаво е бебето? Обично до 1 година ги собира во транспортер, т.е кога ќе почне да му излегува главата надвор тогаш му е мал.
Најди го на инста safeintheseat она и 5 год деца ги става свртени кон назад и нозете не е проблем да се свиткани, ако бараш поголем ради нозете. Макси кози ми личат поголеми за нијанса инаку.
Бебето е скоро 2 месеци ама е 62см долг, транспортерот веќе му е мал, мора да купиме поголем или некој со исправени нозе да е доле
Нема шанси да е мал. Синко е скоро 80цм, уште седи в транспортер. Битно е главата горе да не излегува, ноџињата секако ќе излегуваат, не се води по тоа.
И мојата е тука негде и ја збира уште макси кози . Ај види каишите дали ти се поместуваат, ова ортопедот на месец ипол нас ни рече да ги кренеме на најгорното, така поубаво ја собира, да не се трошиш за џабе.
Кога сме на муабет за транспортери, читав на макси кози се вади тоа сунѓерот за седење за да му е по таман? Инаку да, и кај мене му искачаат нозете ама мислам тоа не е мерило, со негде 13кг се користи како што знам, или главчето горе скроз кога ќе искача.