Не знам за Maxi Cosi како е, ама повеќето транспортери што сум ги гледала имаат додаток перниче за ептен мало бебе и тоа се вади по некое време и се користи транспортерот без него.
Може подолг и поправ е транспортерот, нашиов ептен е некако мал, ептен е склупчен во него неможе да мрдне, затоа сакам да купам друг што ќе биде доле кај нозете прав, да не иде нагоре како овој
Ај мама ако не ти е тешко стави слика од транспортерот. И јас мислам дека по кажувањево дека треба да се извади некој сунѓер
Кај нас има сунѓер што се вади. Баш кога бевме на ортопед ни го гледаше транспортерот и рече нека стои сунѓерот додека е сега на почеток после може да се извади
Ми донесе другарка нејзин, дефинитивно е дупло поголем, бебе ужива во него, ако не заборавам после за споредба ќе ги сликнам, овој мојов нема ништо за вадење од сунѓери, битно најдов подобар транспортер, да знаев порано ќе барав поголем транспортер со количката, ама еве научив
Ај сивиот дел извади го види дали ќе му биде покомотно на бебе, а и во зелениот ако го возиш исто тоа за глава извади го и види. Мене на 2 месеци преглед ми рекоа да го тргнам, ама еве не сум пробала и дека не ја возам мн во транспортер. Ама тој дел е мислам за помали бебиња.
Дали може да ми препорачате од каде сте купиле бебешко гнездо (ако се вадат навлаките за перење секако е предност). Ги гледав од ело стварно се предобри и подлога потврда и со навлаки кои се вадат за перење ама дезените кои се останати не ми се допаѓаат баш.
Од каде имате купено од тие музичкие вртелешки за креветче? Сакам да има повеќе музики на него, и да ми кажете дали е подобро со пластични и со плишани играчки? Плишаните претпоставувам се потешки за одржување, да се исперат, да се исушат, а пластичните само со вода може да се чистат од прашина.
Ние го имаме ова и ќерка ми многу го сака Има повеќе песнички, звуци од типот бела бучава и како се врти така се проектираат на плафон ѕвезди и месечинки во различни бои Таа ужива, многу се радува. Го пуштам кога не може да заспие за да се измори во креветче од удирање со нозе и раце и правење разни акробации https://www.amazon.com/Infantino-Projector-Musical-simulates-Daylight/dp/B00VAKUKC2
Ние го имаме ова, не знам зашо не можам линк да ставам. 1590 денари е. Бувчињата се откачуваат и се перат во машина. На бебка и се многу интересни сега И има една песна, проџектор и се врти на навивање
Јас оваа ја зедов од Бебе Хоум и ни е најискористена играчка веќе 6 месеци. Има 18 мелодии, меѓу кои и white noise, тие горе се плишани и можеш да ги переш. На почеток и’ се радуваше секој ден ко прв пат да ја гледа, сега си се занимава со дугмињата и ги брка овие што висат, ќе фати некое и не пушта .
да пишам и тука...Мајки на дечиња со атопичен дерматит,кои коростаѕ А-дерма ексомега,каде можам да ја најдам кремава? Вл зегин ја нема