Девојки каде да најдам топлинки мекани како во Вајкики што имаше. Ги повлекле топлинките нема веќе таму, и од Тила ги повлекле исто. Незнам каде на друго место да барам. Онлајн ако има страница некоја може исто да ми препорачате ако знаете.
Има ли некаде калапи за забчиња (колачиња) Или од каде нарачувате готови, како се цените? Абер немаме за забче ама да си пренасочам малку мисли од нејадење и непиење
Каде можам да најдам поелегантна облека за машко дете, за крштевка ми е сакам да биде поразлично и убаво. Бебето ќе биде тогаш 6 месеци.
Каде има или ќе има прво априлски маски, облеки за бебиња. Освен картерс и џамбо, каде да следам на друго место дека ќе донесат?
Сакам да купам тепихче или подлога некоја за играње. Овие добри ли се? Пр да земам вакви 10тина https://nama.mk/proizvod/kocka-podloga-za-pod-60x60sm/
Ја во Лидл Грција ја имам земено. Дополнително редовно носат делови од пруга и вовчиња и други додатоци за да се дополнува. Девојки, од кој бејби фон сте задоволни? Битно ми е и камера да има.
https://www.amazon.de/-/en/COSANSYS-Wireless-Temperature-Lullabies-Intercom/dp/B06XPFRJL9 Денес ми стаса, убав звук и убава слика има.
Каде да најдам транспортно креветче на кое му се спушта едната страна за да се спои со спалната. И уште едно прашање: дали сите транспортни креветчиња се толку ниски? Имам многу висока спална и кога ќе го спуштам бебето на долното ниво се плашам ќе биде ептен доле во споредба со спалната.
Јас имам камера, да ти кажам нема подобро од неа. Маж ми од работа не гледа еднаш,два пати во денот и ни збори преку неа, ако сме излезени, во секое време гледаме дали бебе спие или се разбудило па мора да се вратиме ради свекрвата, до тоалет да појдеш и да гледаш дали бебе спие, ручаш на раат итн, јас топло препорачувам камера