Каде да најдам во Скопје ваква кука за пазарење за на количка? Имам видено некаде но не ми текнува ич каде беше Не ми треба за пазарење туку ми треба за ташната моја или за ранче да закачам
Еве @TheSecret пиша дрка ги има и во Базаро, Рамстор, Тинекс и во Џамбо. Баш викендов ќе видам ако ги најдам и да си земам.
Незнам дали се истите како од Икеа. Моите се бели, зелени, црвени, жолти, портокалови, праска боја, шеќер боја, плави и поима неам уште каква боја. Ама еве сеа ме натера да ги мислам и да работеше сеа сеа ќе идев . Утре обавезно ќе тркнам ако е океј времево таман ми е блиску Базаро, таман и синко ќе го шетнам. А, еве го муж ми коментира...аман шо ќе им праиш имаш премногу . Доста викам нека се има ќе притребаат башка еве викаат биле убави бои во Базаро
Klucevi kade sto prodavaat i pravat sigurno ima. Ramstor, jumbo. Vrekji potenki za spienje za bebe ubavi i ne preskapi kade mozam vo sk da najdam?
@Mari-Ja да од тила , ептен сум задоволна . Најди ги на фб . Имам постирано слика ако сакаш ќе ти пратам во порака
Ја најдов сликата, со ракави дека е, супер е. на страната нивна гледав ама без ракави само видов. Цени како се движат? Ќе одам деновиве. Имавме два комплета памучни од тила кога беше помал и сум мн задоволна од квалитетот.
@Mari-Ja преубав квалитет им е се . Јас со ракави сакав така голи раце и јас неможам да спијам . Цената 1350 ден со попуст беше . Имаат цел албум со вреќичките.
Види во елва, они имаат колекции со мики и мини (шпикозни, бодиња, чорапи,пижами) може има и лигавчиња.
Здраво, Го најдов ќебенцево онлајн, и баш би сакала да знам дали негде во Македонија може да се купи?
Мене ми го правеа по нарачка кај свекрвата на работа со тоа што беше за мене пошто инаку не работат такви работи, инаку видов дека и на али експрес ги има.