гледам ти пишале за мала пажња, чисто да се надоврам дека нарачав од таму боди со принт, баш квалитетно искочи
https://www.babycenter.mk/mk-free2play-sestavljanka-pena-modro-sivo-bele-979609.html Овие ми изгледаат поубави, ама некако скапи ми се, а ептен мала површина зафаќаат. Сама на себе си реплицирам, да си имам запишано негде што сум гледала.
Погледни во базаро, џамбо или локални продавници за играчки, ке најдеш убави. Тие од нама ти се убави, 4 ке ти завршат работа.
Најдов едно како тепихче во локална продавница за детски работи, ама ми делува крут материјалот. Инаку малку му се 4, ја мислев 9, поголем простор да има. Сега за сега му постилам јорганче, многу мрда, се превртува, знае од средина на собата да избега доста на страна и на крај пак завршува на ламинат.
Тепих ко тепих е груб плус се лизга. Има едни во дормео премеки ама и праскапи. Овие коцки од нама ти се идеални. Јас немав простор за повеќе, таман толку ми фалеа да покријат каде што нема тепих.
Јас земав од Андреј Компани од оние како тепих водоотппрен шарен, мек, 180×150 за 950 денари. Коцки имам од претходно ама дека мали се, лесни, сега ги вади ги пика што пппд тепихчето, што во уста . Му се мислам сега уште еден тепих да земам Овие ем мали се, ем скапи се.
Чупе јас земав такви ама помали во локална продавница 450 д со букви беа , и колку потпорасна и почна да ги вади да ги гриза.. мислам дека подобро е тепихчето погоре што го спомнаа , единствено предност со коцките е што можеш да ги редиш како сакаш
Јас земав од лотус м, тука повеќе членки го имаат. Подлога е и преголема е ( не знам точни димензии ) јас морам во две да ја постирам оти толкав ми е просторот. Разгледај на фб јас ја земав 500ден
Два вида има, баш сабајлето им пишав. Тоа што се дипли, со торбичка што иде е 450, а ова другото, малку подебелко е е 600 ден. И двете се 150 на 180.
Во ролна е тоа од 600? Ќе сакаш да ми го сликнеш кога ќе ти дојде, да видам дали е ко ова што ко купив 950 јас ? Па ако е исто од таму да си нарачам.
Јас ја земав пред 3месеца имаше повеќе видови ми пратија слики јас си одбрав. Е сега цените се различни од пред три месеца и сега сега е се поскапо,ама незначително со 50,100ден. Кај мене беше здиплена во торба така ми ја пратија. Побарај ги на фб пиши им порака да ти пратат слики од тоа што сакаш ептен се љубезни. Јас ги прашав што тропалки имаат а они ми пратија буквално слика од сите една по една тропалка за да си одберам. Задоволна сум
А се лизгла ли подлогата? Дали одоздола е гумирана, а од напред каква е? Јас имам коцки ама малку се лизгаат. И башка ги лиже и гризе краевите дека се цик цак.