Еве ја има две лица кај мене е ставена на пола здиплена. Не е гумирана ама не се лизга. И стварно не знам колку е голема ама голема е
Мами да прашам да не случајно знаете негде дали се продаваат вакви сепаратори за алишта за во фиоки? Ептен ми изгледаат практични а на Алиекспрес се прескапи
Иста е ко мојава што ја земав 950 од Андреј Компани. Ќе се отепам . 180×150 е. Сега пд Лотус втора ќе си нарачам
Не се собира, дебела е, не се лизга. Не знам што материјал е како водоотпорен некој, внатре има сунѓер, мека е, убава, супер за лазење.
Ќе земам и јас. Имам коцки ама лизгави се. И од цела подлога краевите се најслатки за лижење цело лице и е црвено.
@brm_brm @Tea SK И ние имаме од Лотус М. Беше 600 ден со 130 ден достава. 180 на 150. Еве сликичка. Супер е. Не лепи ама не се ни лизга.
Ќе ги тргам и јас коцките, да земам само уште една, две подлоги вакви, многу паркет имам, го лиже и паркетот. А коцките ги размонтирува, ги лиже, ги гризе, доста им беше.
Жени каде има убави гнезда слични на тие од elo design? Многу сакав од кај нив, ама ниедно гнездо не е спакувано туку на излог ги чуваат да собира прашина, а цената е иста...Ни на телефон не креваат да прашам дали воопшто имаат спакувано. Тие од енци менци, локо кроко не ми се допаѓаат, некако мали и обични...