Кој маркет Рамстор ? Ни вчера ни денес не сум ја забележала во Рамстор во Капитол. 300ден е вреќичкава..смешна цена и вака убаво изгледа на слика создравје да си ја носите.
Од рамстор во капиштец ја земав добро е што може да се користи од 6 до 36 месеци бар така пишува на нејзе а и вака на рака доста пријатно делува.
Фала мила Бев преска и 2 му купив на синко со различна апликација. Смешна цена дури не ми се веруваше. Ептен мекани се.
Искрено ќе те излажам. Може во сите да има ама јас земав од Капиштец како што кажа членката, секогаш во тој во Капиштец има од лево кога ќе влезеш огромен дел со сваштарии кој реално во Капитол не сум ги сретнала некој работи. Незнам во која населба си ама мислам има во сите незнам ќе те излажам. Ако идам после до Капитол ќе ѕирнам.
Ова е како јакничка нешто тенка ли ? Која цена е ? Преубава е инаку. Јас бев пред некој ден во Рамстор мол ги немаше, а во овој во капиштец ги има уште.
Во Ново Лисиче има сега зема другарка ми. Во Капиштец се потрошиле. Ама еве едното испадна баш од 9-36мес а другово ваљда грешка имаат на ќесите декларации е мало како за од 0-9мес. Големиве од 9-36м имаат и нитни позади за да се подвитка и за помало бебе. фала на инфо утре ќе го пратам маж ми. Само пижами над 15 пара и вреќички купувам како забегана, опсесија ми се 5 вреќички имаме и никогаш доста не ни се. Само кажи ми дали во Рамсторот во Топанско или во некоја продавница се? Ако имаш сликичка постирај да ја видам вреќичката.
Во Маркетот Рамстор се каде што се рафтовите за бела техника право нека продолжи ги има на металното што е со тркалца наредени.За жал немам слика
Ништо мила само до 6мес се останати сега мм се врати. Вика ептен биле убави. Па го препратија кај нас овде во Капитол и само мали останале вреќички со ѕвездички и некој други апликации,па имало и портокалови и други бои вработената во магацин кога барала за поголемо бројче.. Ако на некоја и треба за помало бебе ете има и во Капитол во Рамсторот и ако не се изложени сите ги има во магацин во боја.