На ваков тип мислиш? https://kidscarewears.com/category/obleka-so-uv-zashtita Инаку од вајкики јас маичка и гаќички ко купачи купив, едни џиш бои, ама на попуст беа па ги земав исто пишуваше со ув заштита имаат.
Мајки што им облекувате на новороденчињата на нозе во овој период? Ние носиме 56ка од облека иако имаме месец дена, и сите патичиња што ги имаме ни се големи. Ако знаете каде можам да купам нешто за на нозе супер би било.
А што ќе ти се патичиња на бебе 1 месец? Мојава дур не почна да седи во количка, не сум и облакала. Покриј го со ќебенце да не му студи, не ти требаат патичиња, ќе го нервираат. Инаку ти пишала @Pacient srna во Енци Менци има.
Каде можам да најдам вакво за да си измерам ад од дома за излегување да ми биде спремно. Да не носам цела кутија?
Јас од алиекспрес си нарачав ама има и кај нас https://www.lococroco.com/nip-сад-за-млеко-во-прав https://www.babycentar.com.mk/nuk-sad-za-mleko-prav-formula-dozer-milk-powder Едит: може и по аптеки да има
Фала ти многу, ми кажаа дека се вика контејнер за храна и никако не можам да го најдам. Ептен ми помогна.
Исто како на сликавава имаш во било која продавница што продава Чико, додека како тие другите јас имам од Али, ама ете и други страни продавале
Мами не е за најмали, ама каде да најдам за доење марама (за потскривање поточно?) На Алиекспрес има ама не ми се чека неколку месеци.
Каде да најдам бодиња по прерамки на george, vo h&n, tiny baby shop има само на кратки? Или општо квалитетни бодиња на прерамки од каде зимате, а да не е стружанка или тритекс?
Во Ваикики имаше од органски памук бели, презадоволна сум не сменија ни облик ни боја. Исто од Силви стајл бодињата на прерамки ги изнаносе бебуш одличен квалитет.
Јас имам од чико и го носам во ташна, а за навечер за дома користам ко тој од али, само кај мене нема капаче на секое ниво туку само најгоре..и едното и другото ми се искористија до крај...али стигнуваа брзо едно време ама нешто последниов месец каснат...мислам некоја членка ти имаше ставено од локо кроко пробај купи од таму ако ти е за брзање