Не знам каде да прашам па ајде тука, дали некој знае дали твистшејк врекичките за каши се мијат и се реискористуваат? за овие прашувам https://www.evit.mk/kupi/za-deca-i-...tiskanje-220-ml-pakuvanje-so-3-i-5-vrekjicki/ Да знам дали ми се исплати Сакам каша надвор да му давам па ми треба такво нешто
Се мијат. И јас бев скептична, ама баш се лесни за одржување, ако се засуши малку горе на пластиката го потопувам во чаша со топла вода и одма излегува се, а внатрешноста многу лесно се мие.
На која интернет страна можам да најдам најмали ромперчиња и фустанчиња, да не се за 3 месеци нагоре? И боденца, шпикозни за почеток. Овде во Ваикики нема никаков избор, по бутици не ме бендисуваат плус не можам да шетам, сакам да порачам се, ама се што гледам е за над 3 месеци. Сакам памучно фустанче со гаќи за вадење од болница, ромпери за од почеток за дома и со долги потанки.
Geogrekids.mk на инстаграм. Преубави работи, особено за девојчиња. Провери, можеби ќе ти се допадне нешто.
Значи најискористено нешто ни е сталакот на Чико со кадичка и соблекувална . Топло ти го препорачувам, вреди за секој денар, и за бањање е супер. еве 5ти месец сме уште се бањаме во коритцето и соблекувалната уште ни е точна во должина, зимај не се мисли
Каде може да најдам меки коцки за играње, пред некое време имаше некои мајки ги споделуваа ама не се сеќавам од каде ги нарачуваа.