Од Moss имам земено од оние на Metalac со Мики и Мини. Имаат кај Мавровка продавница, а имаат и онлајн
Како од лежење ќе се исправи само да седи И мене ми рече да не форсирам ништо Добра е идејава во скут така да ја држам
Тоа е финтата, да почни само да се исправа за да јача стомачна мускулатура. Ти и под агол од 90° ако сакаш седнувај го, џабе е сѐ дури не му зајакнат мускулите. Само вежби и трпение. На под.
Значи навистина секаде различно кажуваат . Мене ми рекоа дека од прв ден може на јастуче да ја ставам ( но не високо многу и цврсто , да било меко и лесно да пропаѓа главичето надолу да си зема позиција ) . Јас со третото бебе не купив релаксатор , а стариот што веќе го имав , се расипа па го фрлив . Ја ставав на обично меко јастуче , кога пиеше млеко или си седеше будна . Можеш во скут , но мене второто така ми се научи се во скут да седи па додека прооде не можев ниту кафе да испијам без да плаче и да бара во скут , дури и кога самостојно седеше . Колку е добра таа идеја , толку е и лоша би рекла . Ставај ја на обично меко јастуче , не знам колку месеци сте , но јас од 3 почнав да ја ставам на повисоко ( т. е . од скроз рамно бебешко јастуче , ја префрлив на вакво , слично ) . Мајка ми има вакви од времето на Тито се ми се чини ( не верувам дека се баш под агол од 45 степени , но го потпирав самото јастуче на страничниот дел од креветот ) , колку се стари , а се многу меки па бебето не би имало штета да го ставаш на нив онака потпрено ( пред се , бидејќи се меки и лесно се оформуваат по тежината на бебето ) . Мојава крофна на 5 ипол месеци веќе седеше ( иако не смееше , сама си седнуваше ) веќе на 10 ипол месеци почна да оди . Ако имаш вакви јастучиња , пробај види како ќе биде , додека купиш ( ако веќе не си купила ) . Кај нас убаво и се погоди , па не земав нешто специјално за таа намена .
Стварно не знам. Она вака кога ја држам за рачињата дава напор да се подигне. Докторката рече дека веќе може да седи под агол од 45, а кога ќе покаже дека може сама повеќе да не и бранам туку да и дозволам да си седи (дека не важи она до 6 месеци само легната да биде). Е за перница никој не ми рече, јас си замислувам дека има такво нешто, оти немам релаксатор како шо кажав и цело време е легната освен во транспортер кога е или на меше, оти во раце не се држиме.
Јас не ја држев нешто особено под 45 агол. Не се замарај да купуваш нешто ново. Колкаво е бебето, во количка зошто не го подкренеш седиштето? Со обични перници можеш да ја накосиш, целта е да се подава нанапред да посега по играчки и сл. од скроз лежечка тоа е потешко. На под треба да е најмногу од времето со стимулација од играчки да почне да се врти на стомак на грб во круг па после допрва сама ќе се исправа за седење. Ова вежбање на седење е повеќе да учи баланс, а и здравје кога ќе почне со цврста храна да може да седи, не дека на 6 месеци сами седнуваат децата.
Па можам од мое искуство да ти кажам. Син ми така. Ми рекоа не ставај перници никако и јас не. Ептен си го слушав ортопедот . Малово е како црвец, нон стоп е во покрет. Прво научи од грб на стомак, па од стомак на грб да се врати, па се исправи да седнува. Прв пат кога го видов се стопив. Ги ставаше нозете под газе за баланс и се исправаше.
Дете до 2 години треба да спие на рамна, цврста подлога, а подоцна да дадеш перница ако бара, соодветна за возраста се разбира. Кој ортопед ти рече од прв ден да ја ставаш на перница? И зошто да не смее да седи на 5 и пол месеци, ако знае да седи самостојно? Зарем не му дозволуваше да седи дека не смее? Не да е легната, ама додека сте на под ќе ја вежбаш, рацете твои нека ѝ се потпора (не да ја тргаш, само потпора) за сама да се исправа по малку, ќе вежбате вртење на меше и од меше на грб, исправање на главчето додека е на меше, а додека се шеткате ќе местиш наслон на количката под агол од 45°.
Од каде на најдам во МК купачи за бебиња со УВ заштита (со ногавички и кратки/долги ракавчиња) онлајн да може да нарачам? Фала
Da be top si bese se fakase digase i setase fatena za nea. Jas imav staveno kocki podloga vo nea baska cel kup igracki i dava stabilnost ne se sekiraj
Каде можам да најдам костум за бебе за свадба? Не сум од Скопје, а инаку да е поубав материјал да не е лито и тенко.. Овие на сликата од Муппет кидс дали се исти како што изгледаат?
Што го знам како се вика , од нашава ни " клиника " наводно до 6 месеци требало да му се зајакне 'рбетниот столб . Мене најмалово од 4 ипол месеци ми бараше перница повисока за спиење ( веројатно се научи на таа од мајка ми ) па и ставив повисока ( не многу , и мека ) .. Инаку , јас ја оставав да седи колку може сама од 5 ипол месеци , ниту ја форсирав да седи ниту да лежи , ја оставив како што чувствува , така да прави . Меѓутоа , ова ми е трето , па веќе имав какво такво - искуство . Повеќе ми беше страв со првото ( дека прво , немав искуство ) и многу повеќе верував на доктори и педијатри . Тогаш лошо се испеков и од тогаш наваму , правам како знам и умеам , секогаш читам мислења по интернет ( претежно од стручни лица , кои не се од Мк ) или барам второ мислење од доктор/педијатар , кој нема никаква врска со првиот .