Зара ич не се квалитетни. 5 пати ги имаше носено, целите се отшија. Плус не им одговараат големините.
Мене ништо не ми се допаѓа од таму, летни шпихозни земав, се раширија, после 1 перење како со години да се носени... маичките се само ок.
Уште пред да ги исперам беа помали за едно бројче, помал им е кројот. Колку сум се изнервирала кога ги споредив дома со други брендови.
Мене па ми се погодија што знам, на 30 ги перев прв пат, а после на 40 степени. Не се уааау, ама бебе таманка си ги поноси, како што си бљуцка нон стоп...
Се извинувам јас во муабетот колку пари се движат бодињата и шпикозните во sinsay на страната нивна нема цени а не сум од Скопје.
Јас од таму земав 3 на кратки 86ки и ептен се мекани убави Уште ги носи малото Нити се собраа нити се сменија во бојата, а перам на 60 После тоа не најдов веќе Му земав на силви стајл од стружанка,пери носи се и тие, шарени убави За девојчиња имаше повеќе избор а за машки не баш
Во smarttoys.mk на инстаграм го има се мислам да го земам и јас. Пишува дека се користи после 6месеци ама мене ми изгледаше дека од покасно ќе почне повеќе да го користи па уште немам купено.
Сигурно нема многу активно да го користи сега. Мојава е 7 месеци . Ама некако ми изгледа интересно дека ќе можам да закачам играчиња и да се фаќа на хоризонталите да се исправа. А и ми личи дека ќе се користи долго башка ако има такви додатоци, бар до 3-4 години ако не и здосади. Ај може некој го има па ќе сподели искуство.