Kids Hut Mk на инста. Прашував за него ама на крај се одлучив за скаличката. Додека го нарачам триаголникот порасна малиот Еве што ми одговорија. Спојлер . Баш ни е драго што ви се допаѓа. Цената на пиклеровиот триаголник е 6000 денари со трите сензорни страни како на сликата. За триаголник само со оклагии (дрвени рачки) од две страни и плетени јажиња за качување на една страна цената е 4000 денари. Димензијата на една страна е 60 см (ширина), 100см (должина). Висината на целиот триаголник е 87см. Го немаме на лагер, може да го порачате па да ви го изработиме
Да, за нив. Има слики од секој производ и објаснување ама и одговараат на пораки брзо, коректни се ептен за соработка.
Не се многу скапи бе шо. А и ќе се користи ова со години. Мислам дека секогаш ќе им е интересно да се пентерат.
И јас вака секогаш се тешам. Си викам овие пари по дискотеки ги оставав без око да ми трепне, сега исто како да сум била некаде. А не сум
Душек за транспортно креветче каде да купам ? Има во бебе хоме за 1890ден, ама сакам поефтино да поминам
Здраво Мамички! Ве молам за помош. Каде можам да најдам пливачки прстен за бебе? Вo MY STORE нема повеќе
Еве ја од лотус https://lotus-m.mk/product/детски-тепих/ Искрено мене од пики ми е поубава, побарај ја на фб. Нас оваа најмногу ни се погоди од сите: https://nama.mk/proizvod/multinamenska-podloga-premium/
Предложете ми некој добар кенгур за ќерче, каков имате и сте задоволни? Имав еден, ама многу краток некако, го прежилуваше првото бебе кај нозете и некако не ми изгледаше стабилен и сигурен да носам бебе во него. Сакам некој поголем и убав и да може цело бебе да е опфатено во него. Може и слика и цена и од каде да купам ако знаете да ми кажете?
https://www.encimenci.com.mk/kengur-nosilika-4-vo-1-mktgc-02-jungle-40010905 Ние го имаме овој, топла препорака.
Мене се ми се погоди, ги утепавме од носење и гајле немаат, дури и налепниците на маичките се непроменети како нови се, за тие пари се преквалитетни
Да пријавам искуство со Кидс Хат... Претходната недела им пишав, ми одговорија што како за цена, им оставив податоци да го порачам пиклеровиот триаголник, одговор нема. Пак им пишав, викаат ќе видеме во пон дали имаме во магацин или ќе треба да го направиме. Им велам ок, известете ме за да знам да го очекувам. Еве уште нема одговор од нивна страна. Баш ќе видиме дали воопшто ќе го пратат.
А таман ги пофалив Јас кога нарачував немаа на залиха, ги чекав да ја изработат скалата ама брзо враќаа.