Јас па на двете пишав смарттојс ми вратија, кидс хут не, а повеќе ми се свиѓаше, овој со две страни не знам колку ќе е стабилен.
Не, такви се секогаш, изговор имаат многу работа! Не дај боже да има проблем со нарачката, не креваат на телефон, не одговараат на пораки, па дури се разбереш ќе пукнеш, уствари ги изругав и во рекордно време вратија.. Лулашка порачував, тогаш и никогаш повеќе, ептен дека само таму ја имаше, ги избришав одма после тоа од Инста
Утре ќе им пишам, има да ги испозамарам. Со ваквото понашање не би ја ни земала пратката, ама дека ептен нема кај од друго место да најдам триаголник по прикладна цена, па ај...
Во Пи ки има оградици без топчиња и топчиња што дополнително се продаваат. Скоро секаде каде што гледав се посебно, не видов комплет.
Во енци менци има сега на попуст. Има и во лотус м,детска куќа на фб побарај. Добри беа тие од стокомак за 3800 ден,топ куќички, види во некој да не има останато Дали можам дома да ја направам сапуницата за балончиња? Само од сјај не излегува баш добро,има некоја фора?
Не знам дали е за тука прашањето ама да пробам Створче од една годинка што бројче носи на обувки од прилика? И нас период за проодување би не фатил во зима и во тој случај за надвор што сте облекувале на нозе ?
Во џамбо има готово средство за меурчиња од сапуница. Зависи од дете до дете. Син ми носи 19,низ форумов има мајки шо со 21 почнале, зависи и од должината и од дебелината на стапалцето а и од самите обувки. Без да пробате не купувај. Инаку и син ми уште не оди сам, ама за надвор му облекувам патики, оти се исправа, оди сам по клупите и не ми е безбедно да го оставам бос да гази. Ако се вози и за дома, бос. Исто и во зима би правела.
22ка на 13 месеци. На година и пол 23ка патики, 24ка сандали. Исто прооди на зима, до тогаш само чорапи дебели му облакав во количка плус зимска вреќа, не го спуштав на земја. Кога почна да оди, почна да носи патики.
Јас порачав од Лотус-М ми ја доставија до дома, куќарка и лизгалка, задоволна сум. Е сега од март до сега гледам многу ги покачиле по 500/700 денари поскапи се од кога ги зимав јас, ама се е покачено веќе.