Мајки на девојчиња, помош, каде да најдам убави, асални, штосни женски пажами за 18 месеци по долги, за поклон ми требаат. Фала
Здраво ми треба итно помош каде да најдам ваков едноставен релаксатор кој што се става во позиција на лежење, а не како новиве што се малку како седнати? Постари модели се. Би ви била многу благодарна ако ми помогнете
Ми личи како да бараш ваков модел, ние го имаме и ептен ни се погоди. Има 3 степени на висина на потпирачот, па го користам и како столче сега кога го хранам. Нема електроника, па направив мускули лулајќи го малиот додека го успивав Дека лесно се склопува и е лесен тежински сегде си го носевме со нас, на гости, по одмори и секогаш имав кај да го седнам детето без да мислам дали е чисто или не. А на темата чисто, баш фино се пере у када со туш, проверено и за кашички и за друго Разгледај и други модели на Chicco, сега гледам имаат малку поштосни шаренки, а таа е формата.
Како ги организирате пелени, марамици, тропалки и сите други ситници за бебе? Имам од Jysk некои корпи ама споделете идеи Кутии за играчки некои да препорачате?
Не брзај, за 2-3 месеци играчки и тропки само ќе ги ставаш во некоја голема корпа, било каква, најголема, се што собира, за да не се расфрални по под. Јас имам големи фиоки па во нив ми стојат, пелени, влажни, подлоги за една употреба и некои други тракатанци, а организери сум барала било какви по димензија за во фиоката. На дофат на креветче ми стои закачена саксија и во нејзе имам тоа за секојдневна грижа, пелени, марамици, креми, чешле, и сл. Ама сега и од неа почна се да фрла па веројатно е аут и тоа.
Мене по цел ден се ми е расфрлано по цела дневна, навечер ги ставам подлогата пелената и влажните на маса, играчките сите во игрална и утре пак од ново
Јас пелени, креми и такви ситници редам во ваков организер. Вреќа за играчки да видиш во Мала пажња имаат интересни, иначе било каква кутија/корпа врши работа.
Каде можам да купам балдахин/завеса за над креветче и декоративни перници како лебед или некои интересни?
Јас го користам овој организатор и ми е одличен. Исто кога одиме на викенд цел комплет си го земам да не се мислам дали ќе заборавам нешто. Буквално се ми собира што ми е неопходно