Побарај бебе центар. За разлика од останатите, ми изгледаа најквалитетни, а има и убави модели. Цените горе доле се исти секаде.
И јас сум задоволна од ранците од M&M, маста му ја извадив не мрднал. Секојдневно го користам скоро 2 години, собира многу и е издржлив.
Јас си ја закачувам на рачката на количката ама ме нервира па најчесто ми е во долниот дел од количката. Инаку торбата е супер и дека е како кожна некогаш и кога ќе излезеш подотерана си прилега. Одговара на се, јас имам светло сива. Голема е и кога одиме на патување со бебе се ми собира во неа. Еве 9 месеци не е мрдната
Кажете ми, бодињата на Џорџ како се со величини? На мојава, 7.5 мес, да и земам 12-18 ќе и бидат ок за зимата што следи?
Јас земав 56 за почеток по бретели и кратки ракави. Се роди 49 см, сега има 3 недели и таман и се Вајда ти помогнав малце
9-12 ќе ѝ бидат кнап, помал им е калапот. Син ми е 11кг, висок околу 85цм и кнап му се 12-18, комотни 18-24. Ако ти е од помош.
Во Венис, стружанка имаат од кутиите со комплети исто... Јас купив од зара кога беше попустот, планирам во тоа ако не ми текне друго нешто.
Литература, македонска книга, офис плус, во продавниците за бебе опрема. Скоро од офис плус зедовме за во бања по 100тина денари.
Можеби прашањето не е за тука ама ме мрзеше да барам низ форумот соодветна тема Дали знаете каде можам да најдам водоотпорна навлака за трпезариски стол? Моето веќе подолг период одбива да јаде во хранилка и сака да седи на трпезариска столица сам. И нормално целите се исфлекани од храна, посебно кога јаде нешто со лажица, па сакам да ги заштитам некако. Најдов на ali express но ако има каде да се купат тука уште подобро.