Дали се квалитетни и величините (калапот) дали одговара на возраста или треба поголемо/помало да се нарача?
Шпикозни немам порачувано од џорџ, само бодиња досега. Квалитетот им е топ за цената (ама џорџ, од примарк ич не сум задоволна), за величината на син ми му одговараа секогаш поголеми, помал им е калапот и тоа прилично. Ама многу е фина жената шо ги продава, кажи и должина и тежина на бебуш, ќе ти каже која бројка би ти одговарала.
Дали некаде имаат веќе извадено есенски јакнички? Барам шушкава јакна за девојче, може онаква и како ''кожа'' водоотпорна, 4,5год. но сакам еднобојна да е, зошто купивме шарени чизмички за на дожд..
Во зара има. Пред поплавата бев во ваикики во ист гејт, многу слабо со есенска гардероба. За друго место не знам.
Каде можам да најдам висечки полици за книги за детска соба, гледав некаде дрвени ама не можам да ја најдам страната на инстаграм?
Ја тука гледав многу убави. https://m.facebook.com/bambini.exckluziv/?tsid=0.6858641221683521&source=result Во Штип се наоѓаат ама праќаат и по карго.
Мајки каде да најдам џампер за бебе, видов локо кроко но да не има и на друго место и некоја ако има да ми кажи како е задоволна дали вреди да се купи
Јас мама на старо го купив, џампер од фишер прајс 3000 ден, редовна цена му е 5000-6000. Рака на срце џамперот беше како нов, луѓето живееле во странство, баба и дедо за внучето го купиле за кога ќе дојди тука. Небитно, ние ич не го искористивме, синко не го сакаше. Внатре не седеше ни по 2 минути, никогаш, ниеднаш не скокаше. Ги играше играчките однадвор само и толку. Ама во глобала не сакаше ништо, ни релаксатор, ни количка, ништо. Инаку џампери имаш и во пики, лотус по 2500-3000 ден, па нагоре по другите продавници за бебешка опрема, изгуглај ќе ти излезат.