Мекичка е? Мојава е скоро 74 цм да не че плива во оваа величина? Кај нас дома е топло зимата а не сака да се покрива. Може ќе нарачам есенска јас првично. Ај баш на дечкото твој пробај ја, ножињата му влагаат доле? Многу е дебела? Јас имам зимска од лани ама е класична, тешко дека ќе спие во неа. П.с. карго се плаќа?
Мека е, да. Мислам дека е дебела, кога ќе ја споредам со ланската исто е полнета, исто е дебела. Есенската повеќе ќе ви одговара ако ви е топло дома. Ние дека во доста поладна соба спиеме, па оваа ќе му е таман. Каргото е 130 ден. Сега заспа, ќе му ја пробам утре и ќе ти кажам како ќе му стои. Вака што ја споредив од страна ми делува како доста големка за сега. Дури си мислам и наредните две години дека ќе може да ја користи хахаха. И висина баш ќе му измерам и вреќата ќе ја измерам па ќе ти кажам сѐ.
А ова со ногавички намерно зеде? Јас до пролетта и става класична, летово нормално гола беше, ај реков вечерва пак да ја ставам некако застудува, јок. Ај може и вечерва не и се сите на број, ама сега си викам дали може со ногавици вака подобро да земам.
Да, намерно зедов со ногавички оти штом се буди одма рипа од кревет и се шета низ соба. Во затворена ми е страв дека нема да може да се симне, па да не падне. Сега мислам дека е рано за вреќичка. Моето уште спие откриено.
Баш ќе пробам и со ваква, ако има потенка. Летна и е оваа вреќичка таман е за сега, цела вечер се ни е отворено и ладно е, чим јас почнав да се покривам, ама она изгледа по скледџија од мајка и...
Порачав јас потенка од оваа на @nevermet18. Ми кажаа дека е од два памучни слоја, за во зима со парно би била ок. Освен ако нема рестрикција годинава.
Јас здравје ќе имам јануарско зимско бебе се мислам за вреќичка за спиење или јорганче но се бунам за вреќичка ако цица нема да го малтретирам на вечер да го тргам од вреќава да цица па да го враќам пак назад во неа дали би ми била практична или со јорганче полесно ќе ми биде за бебето.
Моето е декември и земав за новороденче ама првиот месец два ич не ја употребив. На 2-3 часа кака, не е баш олеснително да откопчуваш закопчуваш нон стоп. Јас покривав со тенко ќебенце кое го заглавував во душечето. Мојата не преташе многу. Кога почна да го вади ја ставив во вреќа.
Зошто да го тргаш од вреќата? Моето штом ќе влеземе во спална го облекував во вреќата и сабајле на излегување од соба му ја соблекувам. Не ми беше тешко ни преслекувањето сред ноќ. Само откопчам, ја кренам нагоре вреќичката (не ја соблекувам), соблекувам панталонки и менувам памперс.
Ај кога ќе стигне сликни ја мама, морам и јас потенка. Баш облечи ја и кажи дали е практична. Нема шанси мојата да ја покријам сега. И за големината ме интересира. Дека мојата е 74цм, па се прашувам дали воопшто ќе стигнам до ногавиците за ноџињата да ги протнам. Јас покриена периодов а мини госпожата е откриена
Моето е година и пол, сега му земав вреќичка со ногавици од виббо . Големината е од 1-3 години. Му ја пробав и во продавница баш комотмо му стои како да е покриен а да не му е склет,широчка е. Јас ќе му ставам и шпихозни под неа .