Може и во таа моево ќе пропадне, накај 74 цм е, а од таму ми кажаа дека должината на вреќата е 85 цм. Мене ми е за ногавичките за да може да се движи, инаку имам обична вреќа, од ело. А за која температура е, како за сега?
Јас ја планирам за зимоска, за сега ми е дебела бидејќи дома ни е уште топло. Сеуште сме со клима , дури и преку ноќ ја пуштаме на кратко. Инаку да, би требало да е соодветна за пролет/есен, а полнетата да е за во зима.
Таа величина се околе 110цм, огромни се. 6-18 е соодветна и за дете од 1 год а мислам и за 2 годинки. Ама сигурно не е за 6мес.
Каде да најдам продолжетоци за бодиња? Овој број не е достапен, а не можам никаде освен овде да најдам
Нарачав вчера онлајн по препорака од членката горе, и тоа два комада, да се радува и синко ама фала ти во секој случај
Кај нас станот е топол ама деновиве и мене ми застудува па се покривам, а мини госпоѓицата не е покриена, си се лади . Ај те молам сликни ми го дезенот ако можеш. Гарант ќе плива мојата во вреќичката. Како што ми пишаа, големината 6-18м е 85 цм. Колку се доплаќа карго?
Дезенот е скроз ист како на nevermet18. Во моментот не сум во можност да ја сликам. Мислам дека вкупно платив 1170. Знам дека ми вратија 300 и нешто од 1500. Толку памти mommy brain.
4+ е најмало, нема помали. Од тогаш најрано се почнува со вкусови и затоа тие се најмали. Инаку можеш силиконско ако не сакаш пластично да биде. А од пластичните задоволна сум од лажичињата на babylove, мазни се и немаат остри рабови.
Creative wood design, @pikachu2 ги постирала, прекрасна соработка, ти дава многу предлози сама да си одбереш, плус кирилица, англиски да си бираш. Исто и на kidsandco има на mushie едни ама не се дрвени.
Ај и јас да се умешам...што ми препорачувам од големина за мојот дечко од 90цм?да си земам од најголемата или од средната? И која дебелина? Ми треба за есен/зима,температура на соба околу 21-23 степени...да земам како твојата или од потенката?