Мислам да земеш од поголемата. За дебелина земи ја подебелата. Дома преку зима ни е 24-25, затоа ја земав потенката.
Мислите да ја земам подебелата? таа со полнење или средната? Искрено не се сеќавам колку ни беше зимата дома топло, на лето ни е прежешко 26-28 степени одвај се ладиме, на зима е топло, во смисла парно гори до 11,12 па следно од 5 натака...е сега тој измеѓу период можеби паѓа температурата, ама не е цело време ладно...јас спијам со нормални памучни пижами и јорган, ретко плус кебе, а малово до лани спиеше или со памучни или со фротирски пижами и плетено кебенце..имам јас обична памучна вреќа и некогаш му ја облекувам зошто се отскрива цело време, ама сакав за зимава да земам вреќа со ногавици
Тргнав и јас да нарачувам од вреќиве па да побарам мислење од вас. Ми треба за зимава, дома сме на парно и е прилично топло ама навечер нели го гасат и не знам до колку паѓа температурата, до кај 23-24 степени мислам. Ваљда од тие летните да нарачам, тие се тенките што ги викате? Иначе бебе е 86см, колкава да земам, 6-18 или 18-36? Ваљда помалава? Збунка сум цела.
@doubleinfinity Земи ја полнетата, оваа што ја имам јас е 2 слоја памук. Тие што ги имам од Тила земано лани и полани се иста дебелина со двојслојната и беше ок за температурата дома. Со подебела се потеше и се нервираше. @unearthlysarah Земи ја помалата. Моето е 85-86цм и пропаѓа во поголемата. Ќе ја пробаме, ако не ја бива ќе си купам и помала. Секако ќе се искористат двете. На таа температура дома, јас ја порачав потенката.
Жими се многу ги мозгам работиве ама таква сум ...некако ми е многу дебела да не му дојде полнетата...пошто планирам пижами секако да носи под тоа едит: најдов во телефон слика 21 степен било во спалната во февруари..ама пак сакам пижами да му облекувам, да не му е многу полнетата
Ајде @nevermet18 на рецепција гледам и интернет страна направиле, а на страната полнетата ја нема...во зимски вреќи им е таа двослојната..
@Tiny Love @doubleinfinity Мојата е полнета како @Elena. шо порачала. Не е нешто предебела. Моето и лани спиеше во вреќа таа дебелина, од доле облечен во боди на долги плус пижамки и чорапчиња. Ама кај нас навечер е 17-19 до макс 21 степени, не би знаела да ви кажам за кај вас. Вие најдобро знаете на вас колку ви е топло и со што се покривате. На оваа температура бебе е со вреќата облечен како шо ви пишав погоре, а јас есенски пижами со сендвич ќебе.
@nevermet18 значи на зима би носело пижами и полнетава вреќа? не знам што ми е посигурна опција, подебела вреќа и воопшто да не користиме ќебе, или да порачам потенка па ако е ладно секогаш можам ќебе да му префрлам иако ќе морам да дежурам цело време...дилеми дилеми многу сум комплицирана мислиш кола купувам
@nevermet18 и јас да се вклучам со вреќичките Кажи ми, може слободно да ги витка рачињата во лактите? Оти ние имаме една поларна дебела вреќа од тила, претопла е, ама не може да свитка рачиња од шо е дебела.
@doubleinfinity Па не знам колку спие мирно твоето, моето не дозволува да го покривам со ќебе, макар и гол спиел. Ја мислам дека ако му е топло пижами плус дебела вреќа секад можеш да го оставиш на боди плус вреќата. Мислам дека имам читано феминки дека така спиеле нивните бебки. @IRBBB не знам, не сме ја пробале со ракави. Можат и да се извадат ракавчињата, без ракави му ја пробував. Едит: ако те интересира ќе му ја пробам и така па ќе ти пренесам.
Каде да најдам скафандери убавки за машко бебе, така пристапна цена да не се 3000 ден+ и по можност не многу шарени
во тила имаш скафандери со убава цена, ама за шарени не знам ѕирни ги, прееска баш ги гледав на нивната страна на фб
Кај нас незнам како ќе е во зима, пошто во друг стан сме .. Ама сега за сега навечер се заладува многу , па незнам како ќе е со парн.. Да ја земам поарно најдебелата и јас а?
Кај нас со парно е претопло во зима, по кратки и нагоре и надоле сме. Ама ставивме нови ребра и нови прозори, претходно не беше така топло, со јоргани спиевме покриени. Сега со фротирка само. Затоа сакам тенка да земам пошто со ништо не сака да биде покриен. Може да почекаш да видиш како ќе ви е.