Пишував пред некој ден, 40 еур ми беше со се доставата. Царина ја задржале, автоматски чим е задржана има лежарина во Упс, па ако сакаш да ти царинат они треба да платиш шпедиција, а ако сакаш да си цариниш сам треба да идеш до аеродром таму е царина, па кога ќе ти ја ослободат пратката (не веднаш) да си ја земеш од Упс во Илинден. Ако не ја задржат царина никому ништо, лотарија. Мислам дека да отидев до некст ќе ми беше и побрзо и поевтино.
Сепак ќе продолжиме да си порачуваме од George.mk Или да се пробам уште еднаш директно, да ми дојде памет
Мајки прв пат ќе купувам вреќа за спиење па совет каква да и земам? Кај нас е многу ладно и сега а и зимоска. Навечер кога ќе изгасне огинот е 15-16 степени во соба, а зимно време некогаш и 0 степени е насабајле.
3.5 тог некоја, такви имам видено само на georgekids, пиши им директно и ќе ти пратат дезени Во Окаиди има и во Енцименци ама таа дебелина не знам дали ја има
Ддв има само ама не сум сигурна колку е. Инаку царина ако не се лажам може да е 40% од сумата и така се имам изгорено на времето, ама тоа е за пратки над 90 еур.