Од Атва Хоум Центар Најобична е, единствено бебе со плава облека беше Има додатоци лажиче, вилушка, шишенце И мене тоа ми е намерата, да учи со неа Едит: еве слика
Убаво што си ја купила. Јас бев против на синко бебе да му купам. И бевме на море точно на годинка,таму имаше едно девојче што со куклата бебе одеше буквално секаде. На мојов му се виде многу интересна, пукна по бебето, абе девојчево секунда да ја оставеше мојов ке ја џапнеше. Му купив од џамбо, инаше само во розево, но нема везе, зошто секогаш ни е голо соблечено Делово од телото учеше, па божем го рани, па му ја пере облеката ( се шлака два саати на чешна) па суши на парно. Јас сум против поделба на машки и женски игри, дете треба се да види. И кујна би му купила, игра во игротекире, отвори, затвори, мие, пржи, вари
Мојов нешто не е по куклите има од братучедка му и не му се интересни. Затоа кујни обожава. Не му купивме кујна зашто сам не сакаше вика мала е, не вистинска. Си одбра сет тенџериња и прибор за готвење и сега кога сакам да го смирам вадам тоа тенџерињата и готвиме. Рани животни. Мир у куќа.
....умно бебе. Смеам да прашам колкаво е? Да знам отприлика кога се купуваат такви работи, да се спремам. Иако, мене рано ми е за такви “сериозни” играчки, прво да се роди бебчево, па ќе почнеме со 0+.
Мојов ги одбра на 2 години. На почеток купи вртелешка за над креветче и тропки во ептен јаки и контарсни бои. Црно бели комбинации со црвено се исто многу добри за први играчки. Па ви следува подлога за играње на под, па ралични работи што се буткаат и глодалки па тек после година дена „сериозни“ играчки. Коцки што се редат се некаде 8+ (има меки на Клементони) и се играат долго.
@JoyJoy какви се тие коцки, каде ги има?? @Mimmi39 некое музичко играче со приспивна песна за старт ти е доволно, плус вртелешка исто, најдобро вртелешката со прожектор, за подоцна врши работа Тропалце и се останато од 2,5-3м ќе ги осознае и од ден на ден се поинтересни ќе бидат, претходно џабе ќе тропкаш ниту се врти, ниту го интересира Туку да прашам, каде во Скопје вадите слики?? Ама убави да ги вадат и да не биде цена до плафон, Џамбо и Бимбо ги знам, нејќам кај нив, исто и на Битпазар нејќам. @pile30 ти рече вадеше така, каде, колку, убави се??
Јас во дичо ги вадам во бисер. Ок се, секогаш ги предупредувам добри да ги направат, не ми се брза . Еднаш се зезнав, вадев во лик до капитол, катастрофа беа, жолти сите.
@emkaemka јас не сум задоволна од Дичо. Мм кога вадеше прва тура слики од синко прилично бледи ги направија. А замисли мм цел ден бираше и средуваше фотографии.
Евтино ова Ќе имам предвид и за кафе те држам за збор @Ano е ми преседна од бледи, жолти, со линии слики.. А Маестро некој да не вадел, како се тие??