За на меше претежно, интересно делува, ние некако и скарани сме со таа позиција па да пробам дали вака ќе се заинтересира.
А вакви огради за камин ( освен во Бебе хоум - немаат ) каде може да се најдат ? Ми треба за каминот да го заградам
Гледам во бебе хоум имале , околу 6000ки . Ама немаат на залиха сега . Се отепав од барање по нет, не можам да најдам
Зара и х&м имаат ли донесено скафандери за 12м+ без стапалца долу? Силиконски плитки тањири освен али експрес кај има колку се?
Во Х&М имаше преубави баш ги загледав имаше за 80см и 98см Ама 3090... Тањир силиконски од бебебокс нарачав https://bebebox.mk/product-category/plates/
А тие јајцата колкави се? Може да ги фаќа и мести бебе? Не знам дали ги имаш видено во џамбо вакви слични сложувалки, ако ги имаш, во споредба со нив делчињата какви се? Сори мама шо досадувам.
Е баш претерале во х&м со цената. А вакво тањирче со прегради синоќа нарачав од али. Околу 5 евра ме фати.
Да, да мислам дека ќе и се таман. Не и ги отварам уште. По една играчка и купувам и и отворам на роденденот . Мали се ама за раченце од 10/11 месеци се ок. За тие од Џамбо што збориш поима немам кои се.
Мајки, Каде да најдам универзален држач за цуцла? Имаме цуцли на Бибс и како што гледав држачиве на Нук се за нивни цуцли, на Мам за нивните модели и тн. Ми треба некој универзален што ќе одговара на било кој модел на цуцла, ако има воопшто таков
Здраво, дали знаете каде можам да најдам бело или крем џемперче 0-3 месеци? Да е дотерувачко, за врз фустанче за една бебушка за крштевка ☺️
Јас имам бибс цуцла а земав синџирче обично од зегин, тоа мислам одговара на сите зошто имам и на нип и на бејби лав цуцли и сите можам да ги закачам