Фала ти многу, ќе проверам во Зегин @Pacient srna ги видов, ама искрено за држач 900ден не ми се даваат особено за бебе што цуцла фаќа 3 пати од понудени 20 пати
Да не сте видете негде силиконска чашка за пиење, ваква или слична? Само не kidsandco ..прескапи ми се
Истата ја имам од oral.essentials од инстаграм ја нарачав. Чашката е супер ја имам со месеци, сум задоволна од нејзе. Иако сите викаат од секаква ќе се научи да пие, јас имам видено разлика. Оваа се прилагодува спрема устата пошто се витка и има тешко дно кога ќе ја спушти не се превртува. Единствено што имам замерка е тоа што бараат прво да уплатиш на сметка да им пратиш уплатница (можеш и електронски од трансакцијата) за да ти ја пуштат чашката, и нигде не ти кажуваат дека плус 100 денари отпосле ти наплаќаат за достава. Си ја чекав чашката добри 5 дена, може така се погодило. Вкупно чашката ти излегува 1072 денари.
Дали некој има порачано од вреќиве, да сподели искуство? Гледам 3 tog се, што ми одговара ептен, а и не се многу скапи. Додуша немам гледано на други места освен на Нанам за да споредам цени, ама пак
Здравоо. Дали може да ми дадете предлози за продавници за бебешка облека во Скопје со пристапни цени?
Каде да најдам целосни шпихозни ама долу отворени и со патент, не со копчиња, поголеми бројчиња некаде 18-24,24-36, во Ваикики ги направиле изгор по 800 ден едни, а многу ми се практични за спиење..може и онлајн
Негде гледав но неможам да се сетам каде, дали некоја мама знае од каде би можела да купам ограда за спална (кревет)?
Се извинувам ако прашувам во погрешна тема ама мислам тука најдобро би ме упатиле. Што им облекувате на ноџињата на бебињата што не се проодени во зима и од каде да купам? Ладно му е само по чорапчиња во количка, а ако купам патичиња за проодување додека прооди ќе треба вајда да смениме уште некој број.
Јас земав од вајкики бројче поголемо, некои 400 500 ден беа, не планирам да оди во нив, за во количка за зимава да ја истераме. Кога ќе прооди ќе купам саглам патики.