И јас користам од ЕМЕД ама тој стандардниот, не детскиов. Многу е добар, ми го препорачаа 3 мајки што го користеле. Единствена маана му е што е многу бучен, ама па ако му го пуштиш на детето прво да го види и чуе како брчи, мислам дека нема да го одбива (многу).
Јас. Не сум имала контакт со други инхалатори и не можам да споредам за бучавост Мислам дека сите ја имаат истата функција.
Се мислам и за тој обичниот ама одам на таа логика демек овој ќе му биде интересен како играчка и ќе го сака Фала на споделеното
Исто ти се фаќа, само цената е различна. Ниедно бебе не сака инхалатор, па каков сака нека личи. Шарената маска е за нас родителите повеќе лична
Мојов сакаше уште од мал. Му правевме филм дека е пилот. Еве и ден денес 5 години е, не прави проблем, седнува без проблем и сам си седи и си гледа цртан обично.
Каде може да се најде термофор за бебе , а да не е гелно перниче или оние со кристали за во микро. Класичен што се полни со вода барам
https://homeidea.mk/product/termofor-so-dezen/ еве девојки, ми излезе случајно.. и на страната на Нама исто така
Мајки што имате купувано од ЗАРА, дали си одговараат бројчињата со величините? Сакам да нарачам онлајн па да знам.
бодињата им се кнап, ти препорачувам бројче поголемо, надоле панталончиња ми одговарале, а блузи имаат некој лош и голем калап, на мојата и одговара бројче помало за блуза, во секој случај можеш да ги смениш
Ич не одговараат. Сите се различни. Блузињата и маичките особено, тесни во ракавите и во главата, а широки во трупот. И ич не се квалитетни. Хеланки на второ перење се отшија.
Каде можам да најдам навлака за хранилка? За седечкиот дел ми треба. На секое јадење хранилката е лом, ќе фати во храната со прсти па ќе испошлака се