Сите овде изнакупивме од таму барај со клучен збор ќе ги најдеш сите мислења. Јас сум задоволна иначе.
Јас почнав да и ја облакам. Без ракавчиња и супер е. Секако сега се покриваме јорганче или кебенце. Секако не е многу дебела. Мојот јорган е подебел
Па искрено јас уште со тенко ќебе се покривам, а тој е па ептен склетчија, знае и да се испоти ноќеска ако ги гушнам.
Е баш тоа ми беше прашање, колку дебела е зимската вреќа, грубо кажано? Како тенко јорганче есенско или подебела? Веќе имаме една што е дебела како тенко јорганче и таа ја сметаат за зимска, ама ладново време ќе бара подебела, гледам ја. Во спална моментално нѝ е под 18, сабајле у 4-5 сигурно накај 13-14 паѓа. У декември ќе се селиме у дневна како што ми се гледа ама до тогаш да не го тунтам у вреќа и плус да го покривам, да му земам подебела сакам. 3 tog ваљда ќе ми е оптимално, м? Поискусните да посветуваат ако сакате
Тогаш и мојава е 2 tog, баш толку е дебелка и нема да ја биде за зимово. George kids имаат 3 tog, ваљда таа ќе ја земам. Фала ти многу
Ако собната температура ви е така ниска тогаш ќе ти треба подебела или пак под вреќичката да е облечено двослојно.
Сега спие на маичка на прерамки, пижамки со блузе и панталони и плус чорапи, па вреќичката со ракави и пак навечер го покривам со чаршавче врз вреќата до половина негде (до кај што остава да е покриен де ). Спалната ни е на север и многу брзо паѓа температурата, па ќе видиме до кога ќе тераме така додека не се преселиме у дневна До тогаш ќе му земам 3 tog дефинитивно. Е сега за големината само да допрашам и не замарам веќе. Моменталнава ни е 80cm долга (не пишува бројче, одамна ја имам скинато етикетата) и му е скоро па кнап. Он е висок 72-3cm и не знам дали да му земам 6-18 или поголемка, за да ја носи барем до пролет
Мајки, каде има крзнени шпикозни, за шетање надвор, баш за вакво време сега? А исто така и скафандери за зима?