Чизмички сега за на зима ама најмали бројчиња 19ка има некаде? Незнам што да барам. За дете што веќе оди.
Каде можам да најдам убаво и големо фиокарче за бебе на кое може да се стават една до две подлоги за пресоблекување, а притоа да не е заедно со кадичка како на повеќето места?
Во babycentar имам гледано пример: https://www.babycenter.mk/klups-podloga-za-presoblekuvanje-nati-whitegrey-934931.html
Дааа..освен во Чарби бејби имаше нешто така поефтино, ама ја имав јас таа твојата бендисано, ама немав како да ја купам од икеа па ја најдов оваа во јуск исти стил е како таа од икеа и залепив подлога горе...се снајдов
Здраво, сакав да нарачам ваква оградица од Пики, 2690 што е на сликава, ама моментално ја немаат. Димензија 200х180 беше... да не знаете кај можам да најдам слична димензија? Сегде гледам само помали и нема да ми вршат работа со две бебиња...
Мами предложете од каде имате купено хранилки? Ахам, и негде имав видено сетови за хранење со име на бебето, но неможам да се сетам каде, ако некој знае нека каже
Јас од локо кроко, модел tiny и презадоволна сум. Столчето се место во три позиции, уште пред да седе и да јаде ја ставав на 45° на маса со нас кога јадеме, демек да се учи дека таму ќе седи кога ќе јаде Има 4 тркалца, па лесно е да ја шетам натаму-наваму низ стан кога вршам обврски а не сака да седи на земја сама. Навлаката лесно се вади и е скаена па лесно се чисти и со влажни. Има два послужавника исто лесно се вадат за миење. Моја препорака за хранилката. Најдобра инвестиција до сега ни е, максимално искористена. Сега најново и` е, кога седи да ја гура напред-назад, верувам ќе ја користиме и наместо проодувалка
Дали знаете каде можам да најдам дел за количка како стојалиште за поголемото дете да можи да застани? Не знам ни како се вика ни како да го барам..не знам ни дали добро објаснив.