Радосница со уште неколку едукативни играчки или сликовници. Може нема одма да ги користи, ама па барем знаеш дека детето ќе се радува а не мама и тато
Рано е, ама штом се имаат од опрема и облека можеш нешто што би користело бебето понатаму. Друго што ми текна е некое ранче или куферче за патување.
И јас бев во иста ситуација, на крај скроз неоригинално, им дадов пари.. Сакав фотосесија ваучер, дур се одлучам и најдам некаде со поокеј цени, исто некаде до 3000 ден, ќе ми пораснеше бебето ... Второ, ги гледав за да им печатам фотобук, ич не ми текна во форма на ваучер да прашам дали имаат ( ги следам маруди на инста)... Овие "покреативни" идеи.. Од помалце креативните: Ако немаат скафандер, јакна за периодов, или топлинки/ патичиња за проодување ( пошто нели растат ко квасец ) во комбинација со бејби арт за отпечаток за раче, нога..
Не ова истото туку вакво од Локо Кроко,нас супер ни се погоди.Конкретно на нашето седиштето се навалува во 3 позиции и плус висината се подесува во 6 точки на висина,едната страна ногарки другата се тркалца а и е поефтина,и малиот душата и ја извади и нема гајле.https://www.lococroco.com/хранилка-тото
зошто да не, ја на месец дена кога имаше бебето добив сет за јадење што сега си го користам, образложението на другарката беше дека претпоставувала дека имам се за новороденче и дека сите ми носат облека и намерно и купила нешто за понатаму, баш се израдував пошо стварно сите ми носеа облека и ќебиња(ваљда дека зимско бебе)
Мајки кај да најдам подлога подебела за играње да ја постелам на земја? Значи не како теписонче во ролна шо ги продават туку од подебелите? Има во нама 1890 се прашав ама реков да не знајте на др места поефтини да се. Фала