Каде има плишана/кадифена играчка Мини маус? Да не лутам по продавници за џабе. Значи и во сон и едно станување вика Мина, Мина... Има чавче едно со Мини и се подмочува мислам кога го гледа.
Пишував ама ај плус и еден ап дејт. Должина на стапалце 12 цм т.е. мерев по влошката од проодувалките (17/18 број). Чизмички за мода ај може ќе најдеме 20ка ако и се точни, видов х&м имаше ама ќе и се големи гарант. А чизмички топли за на снегче од кај да барам толку мали, дека веќе оди? Во кеги барам таа ме нанервира ми дава патики демек до глужд замена за чизма. Немале толку мали броеви, од 22 почнувале. Па тогаш не ме дупчи, носи ти на минус надвор патики до глужд поставени внатре со кожа. Во пеко чизмички имаше убави гумирани нагоре платненце ама почнуваат од 20ка. Влошката ја мерев 13 санитми минеше. А моево има 12ка. Кај да барам? Просветлете ме. На крај ќе завршиме со кеси на нозе
Кај нас тешко и да најдеш толкацко бројче чизмички, скоро секаде од 21-22 почнуваат. Малата мене Ноември ми е родена, па тој период кога беше 1г и земавме од Декатлон, Бугарија. Ако ве носи пат до некој Декатлон, ќе најдеш таму. Крај краева, ако најдеш 20ка, со подебели чорапи и така... Башка и тој период знае и да им порасне и брзо ноџето, па додека падне снег може и ќе носи бројче повеќе од што и е сега ногата.
Ако е стапалото 12ка, значи треба барем 12.5-13цм влошка. Тоа е 20-22 број зависи од моделот. Спортските продавници ги провери? Офис шус, скечерс, не знам Скаут дали имаат толку мали.
Во веро џамбо тие што се штандот со чевли имаат детски обувки види таму. Онлине се монд, вика има 20 ама дали се на залиха не знам. Не знам дали се цениве нормални ама тоа е. Еве ти баш за снег, ама волку снег не знам дали ќе видиме
Види го моделот Winterplay на Adidas дали ти фаќа око. Го има по спортските продавници и почнува од 18ка.
ако баш ќе зирнам @Mucika цениве тие се. Пеко се 2800 за 2 пати ако ги облече. Абе лудило Ама мораш данимаш и за влажно време. Друго е кога е бебе го држиш Вака сака да оди
Лошо сум напишала изгледа. Нејзе влошката од проодувалките е 12цм. А е со луфта нели. ТаК да нејзиното стапалце помало ќе дојде секако. Ама да, треба да има за чизмата поголема луфта. Може и ќе донесат дополнително, сепак е ноември
Тие мислам дека бркаат повеќе работа за дождливо време. За на снег мислам дека не ги бива, ќе влезе снег во патиката оти е ниска.
Мислам има и високи, бар имам за возрасни видено до коленици . Ама не знам дали би ги носеле искрено .