@emkaemka Да пишам лично искуство со коцкиве. Истите ги имаме со истото камионче. Моиве деца не ги сакаат. Уствари не се коцки, меки се и ништо не можеш со нив да направиш, освен две три една врз друга да ги ставиш. Дур беа до кај 8-9 месеци ги факаа префакаа, сега ни големиот, ни малиот не ги погледнуваат. Плус некој материјал се гумен, што се се лепи на нив и за брзо време грозни стануваат, па само ги премивав. Е камиончето го утепаа од играње и возење и товарање. Во сите игри им е вклучено и седат на него. Само тоа ми ги оправда парите За иста цена јас би купила обични коцки само покрупни. Исто ке си игра со нив како со леплививе, а кога ке потпорасне и ке гради со нив. Плус на моиве омилено им е што поголема кула да им изградиш, а он да ја сруши, а со гумениве не може.
Ама ти гледаш од перспектива на поголеми деца и така и би се согласила со тебе. Но во моментов бидејќи и ние го имаме камиончево со коцки (бебе 7+) кажувам дрка е е најиграната играчка со коцки на син ми седнат на под. Ги фаќа префаќа и гризе, таман гумени а он се става во уста. Коцките му ги редам нагоре па он ги растура и така се занинаваме а најповолно кај овие коцки е што сега додека е мал и седи се превртува и често треска со глава на под е што се меки па кога паѓа врз нив не крши глава. Замисли да се од обичните :/ Милион дупки би имал на глава. Тие се за поголеми деца кои сакаат да градат. Мекиве бркаат работа до година верувам... А камионот го товари и растовара, мал е да го вози но го превртува и го игра ептен. Убава играчка и вреди за парите според мене. Пластиката топ квалитет.
Јас имам на Safety 1st, убаво квалитетно, за 0+ е дури.. но продавницата во Ситимол, Бебеконфорт ја затворија, мислам преместена е, но незнам каде... ако знае некој нека каже, од таму ми е купено
Абе секое дете различно. Кај нас не ги оправдаа парите. Околу 8-9 месец ги факаа, после само расфрлени стоеа.
Во петокот го купив во Локо Кроко 4890ден LC2 Трициклот единствен беше со гуми на пумпање. Таков баравме и само таму најдовме и само тој модел беше со гуми на пумпање од некој 6-7 модели кој ги имаат. Праќаат и по карго мислам види на нивната страна. Само наслонот на овој е статичен. Ама единствен беше со убаво седиште и наслон и со меки подлоги. До 25кг е.
Девојки да ве замолам која од вас има купено или видено ЦРВЕНИ патичиња за бебе да ми пушти слика или пише каде да идам да купам. Бројче да е 19/20 мада калапите не им се исти на сите. За ноџе 12,5см ми требаат. Убава црвена да се и да се меки и долен дел флексибилен за проодување. До сега на Sportvision страната на гугле барав и неможам да најдам имаше само над 23бр. Се мислам до Борис Трајковски да видам таму ама да не акам со малиот џабе во гужвата. Бев во Кеги шус зашо имаат за проодување многу добри модели и само бели и тегет имаше оние со патент одоздола и земав тегет. Ама ми требаат баш црвени патичиња и фраерски да се да му одговараат на останатиот аутфит за 1виот роденден го спремам дај помагајте И црвени наочарчиња ( црвена рамка ) каде да купам ама од оние гумираните ми требаат ( за бебе/дете ).
http://shop.arthurs.com.mk/index.php?route=product/product&path=118_122&product_id=55 Vaka nesto..mislam deka ima i so lepenki namesto vrvki,sin mi ima samo sto nie od solun gi zemavme..
@stevemila , @Elenche87 фала ви. Несакам налик стартки има такви платнени. Сакам баш патиче нешто ваков модел на кожа.
Баш се стите различни. Мојов па сака да ги реди како кула и се обидува да ги нареди без да му паднат. Има плачки пошто се меки па не се стојат баш добро ама него па тоа му е предизвик. Плус пластиката на автобусот е топ па издржува газење, фрлање и слични. Во него товари и други работи. @Minnie-e види во Беверли во Бебе Центар. Увозници се за Клементони.
да се надоврзам на муабетот за патичиња... од каде земате за проодување патичиња освен цицибан и остали со астрономски цени?
Овие Кики што ти ги постирала ги купив пред некој ден. Искрено за разлика од сите дома останати што ги имам овие се најдобри и најлесно и најкомотно им се облакаат. Реално поефтини и квалитетни за проодување ( меки и флексибилни) нема. Искрено овие на Кеги се баш за проодување совршени. Ене имам неколку пара адидас и H&M и многу му се тешки за газење, тврда е подлогата не е флексибилна не се витка баш. Ептен се тврди доле и неможе убаво да гази му се превиткува стапалото и така за украс сеа ни се дома . Овие на Кеги ептен се меки и таман за проодување да се оформува стапалцето. Имаш неколку модела од овие за проодување со патент. Сега треба и сандалки да им стигнат. Еве ти цени и модели. http://www.kegishoes.mk/bebeshki-obuvki-za-prooduvaњe Еве ти за нив :
За проодување мора баш такви специјални патичиња/кондурчиња? Не може босо по дома или со некои други, лесни и обични?
Најдобро е босо, дури и продавачката во кеги така ми рече мене. Овие за надвор. Ние не купивме вакви и зедовме патичиња.