И таму и таму прашав, немаа. Во Скопје сите ваикики ги претерав, за лек нема карирана кошула (ако има, нема број), а ко не ми требаа од секаде ми излегуваа. На крај порачав од зара, се надевам ќе стигнат. Фала ти мама во секој случај. ❤️
Леле штета. Битола има во Ваикики т.е. завчера имаше. Ако не најдеш, прати некој да ти земи. Јас во Тила земав, ама се со ситни коцки, не вака крупни како на твојата слика.
Во анаконда ги има сите кучиња од paw petrol. Ако не стигни оваа, ќе барам и во Битола. Преубави се од Мартин кошулките, со здравје да си ги носи. ❤️
Каде има убави, стварно непропустливи лигавчиња? Оние како најлонски. Сите што ги земав до сега пропуштаат. Од силиконските вришти како синџир да сум и ставила.
Во дуќанчиња што имаат текстил ко стружанка пример. Вајкики, венице, локо кроко, од бејбилов има едни убави како памучни а не пропуштаат тие ептен ми се свиѓаа.
Ги нема и во Анаконда Бев до Ѓорче, нема Маршал и Скај. Скај ја најдов онлајн, сега Маршал го барам. Ако некој го види некаде, нека кажува..
Во анаконда во кисела вода го гледав во саботата, сите кучиња ги имаше. Да купам и да ти го дадам некако ако сакаш. Во џамбо имаш доста избор.
Ќе ја пратам сестра ми утре да ѕирне, од Кисела Вода е. Прееска до Карпош бев и немаше и после барам во кола бр од К.Вода и викам Анаконда Кисела Вода и тој ми вика да да, а уствари истиот од Карпош беше Уште ми вика, сега пред малку една жена го бараше Маршал
Каде да најдам играчка воз со шини. Фина изработка, да не е никаква пластика, со нормална цена. Џамбо бев, не се убави.